Достапни линкови

Можна соработка на ДУИ со ДПА, избори и сè е можно


Архивска фотографија: Лидерот на ДУИ Али Ахмети и партиското раководство на прес-конференција во партиското седиште во Мала Речица.
Архивска фотографија: Лидерот на ДУИ Али Ахмети и партиското раководство на прес-конференција во партиското седиште во Мала Речица.

Во најголемите градови и општини ќе одиме самостојно како ДУИ, меѓутоа не може да прејудицирам дали некаде би можело да се направи некаква соработка со други албански политички партии од опозицијата бидејќи сè уште е прерано за тоа, вели портпаролот на ДУИ Бујар Османи.

ДУИ досега не донела никаква одлука за заеднички настап со опозициската ДПА на локалните избори, ни изјави денеска портпаролот на оваа партија Бујар Османи, откако во некои медиуми се појави таквата информација. Изборите сe сè уште многу далеку и сè уште не би сакале да прејудицираме како ќе настапиме на тие избори, вели Османи.
Тоа што сигурно може да се каже е дека во најголемите градови и општини ќе одиме самостојно како ДУИ, меѓутоа не може да прејудицирам дали некаде би можело да се направи некаква соработка со други албански политички партии од опозицијата бидејќи сè уште е прерано за тоа.
Бујар Османи, портпарол на ДУИ.

„Тоа што сигурно може да се каже е дека во најголемите градови и општини ќе одиме самостојно како ДУИ, меѓутоа не може да прејудицирам дали некаде би можело да се направи некаква соработка со други албански политички партии од опозицијата бидејќи сè уште е прерано за тоа.“

При тоа, како што додава Османи, соработките се легитимни и тие се дел од политичкиот манир на оваа партија, но сите тие ќе зависат од околностите.

Од ДПА не се достапни за коментар дали се подготвува некаква изборна соработка со ДУИ, ниту дали се точни претпоставките дека од такви причини е раскината коалицијата со СДСМ.

Од најголемата опозициска партија велат дека остануваат отворени за соработка со оваа партија и дека таа не е изјаловена на нивна вина.
Таа етничка подвоеност изгледа ќе се провлече понатаму и во други сфери, не само во однос на поддршка или гласање на закони, туку и на други настапи како што се локалните избори.
Насер Зибери, поранешен пратеник.

„Ние на овие избори ќе одиме и ќе победиме, со или без ДПА ќе видиме. Штета е за опозиционата атмосфера, посебно во албанскиот политички блок, тие да не можат да се поистоветат со некоја партија којашто понекогаш често лавира, но ние немаме никава вина“, изјави кандидатот на опозицијата за градоначалник на Скопје, Јани Макрадули во интервју за Радио Слободна европа што во целост ќе го емитуваме в недела.

За експертите не е изненадување на никаква соработка во рамките на политичките интереси дури и кога станува збор за најлути противници и за локалните избори ја гледаат за можна. Особено, како што вели Насер Зибери, во општини како што се Струга или Кичево, каде што бројот на гласачите е избалансиран по етничка основа, а каде што ДПА не доби гаранција од СДСМ дека ќе биде поддржана. Ова, како и еднаквиот став во однос на законот за бранители меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, според Зибери, ја иницира поделеноста по етничка основа.

„Таа етничка подвоеност изгледа ќе се провлече понатаму и во други сфери, не само во однос на поддршка или гласање на закони, туку и на други настапи како што се локалните избори.“

Една од причините да се реализира ваквата соработка, според Зибери, исто така во голема мера може да биде и обидот на двете партии да ја елиминираат партијата на Руфи Османи и да докажат дека единствено овие две партии се претставници на Албанците.
XS
SM
MD
LG