Достапни линкови

Колку соработуваат болниците од Македонија, Грција и Албанија?


Болници од пограничниот регион на Македонија, Албанија и Грција се обидуваат да воспостават соработка. Искуствата покажуваат дека со пограничните болници во Албанија веќе се разменуваат искуства, а соработката со болниците од Северна Грција е во зачеток.

Јавните здравствени установи и приватните болници од пограничниот регион на Македонија, Албанија и Грција се обидуваат да воспостават соработка. За таа цел деновиве во Битола се одржа и меѓународна средба на лекари од трите држави. Искуствата покажуваат дека со пограничните болници во Албанија, пред сè со Корча, Подградец веќе се разменуваат искуства, а соработката со болниците од Северна Грција е зачеток.
За она што сме ние на повисоко ниво го користат тие кај нас за обука, а онаму каде ние имаме интерес, наши лекари одат на обука. Моментално се соработува со Корча, Лерин, а има и проект со Солун.
Васил Најдовски, директор на битолската болница.


„Ние со наши теми и тие со нивни теми, ќе размениме некои искуства. Ќе прикажеме случаи на напредната лапараскопска хирургија. Сите установи во сите сектори можат да соработуваат, само треба да се има волја. Ние имаме соработка со лекари од Корча, Албанија, а сега сакаме да оствариме соработка со Леринската болница“, вели д-р Таше Трпчевски од специјалната болница за гинекологија и акушерство „Плодност“ од Битола.
Клиничка болница Битола. Центар за интервентна кардиологија.
Клиничка болница Битола. Центар за интервентна кардиологија.

Вангел Константин, радиолог од болницата во Корча вели:
Промоцијата на активностите што ги прави битолската клиничка болница е интересна за пациентите кои се наоѓаат во пограничната територија на Албанија и Грција, а им е потребна специфична интервенција што побрзо.
Стефан Талев, Медицински истражувачки развоен центар од Битола.

„Ние ќе ја продолжиме соработката со битолската болница, а од интерес ни е таа да се одвива во областите на онкологијата, урологијата и гинекологијата.“

Географски, клиничката болница во Битола, зазема централно место во пограничниот регион меѓу Македонија, Грција и Албанија. Почнувајќи од триаголникот Скопје, Солун, Тирана, нема поголема болница од Битолската на оддалеченост од 150 до 200 километри. Овој регион зафаќа 1,5 милиони жители. Соработката со другите болници од Албанија и Грција се изведува пред сè на едукативен план меѓу лекарскиот кадар.

„За она што сме ние на повисоко ниво го користат тие кај нас за обука, а онаму каде ние имаме интерес, наши лекари одат на обука. Моментално се соработува со Корча, Лерин, а има и проект со Солун“, вели Васил Најдовски, директор на битолската болница.

Освен едукативната соработка, целта е во иднина да се олеснат и процедурите за лекување на пациентите од пограничните региони во соседната држава.

„Промоцијата на активностите што ги прави битолската клиничка болница е интересна за пациентите кои се наоѓаат во пограничната територија на Албанија и Грција, а им е потребна специфична интервенција што побрзо. Или промоција на активностите на болниците од Ресен или Струга, а на пациентите им е потребна брза интервенција тогаш поисплатливо е да се пратат веднаш до најблиската институција, отколку да се транспортираат подолг период со што се губи време, а и квалитет на услугата“, вели Стефан Талев од Медицинскиот истражувачки развоен центар од Битола.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG