Центарот за интервентна кардиологија во битолската болница работи два ипол месеца, а досега во три наврати изведени се 24 интервенции. Коронарографиите и стентирањата ги прави познатиот кардиолог Сашко Кедев, дури и по 12 на ден кога е во Битола, а во тимот учествуваат и битолски лекари кои се обучуваат на Клиниката за кардиологија во Скопје. Во деновите кога Кедев не е во Битола, а лекарите се на обука во Скопје, итните пациенти со инфакти се испраќаат на интевенции во скопската клиника.
„Ние имаме една динамика на која се придржуваме од 10 до 15 интервенции месечно. Многу е важен аспектот и на обезбедување на квалитетен тренинг на тие доктори кои ќе треба да работат самостојно. И е побезбедно да работат самостојно во висок волумен како што е Центарот во Скопје, каде се под контрола на искусни интервентни кариолози, отколку да ги фрлиме сами да работат без контрола. Јас сум сигурен дека во текот на идната година ќе имаме повеќе интервенции кои самостојно ќе бидат правени тука од страна на битолските доктори“, вели доктор Кедев.
Во иднина битолската болница преку Фондот за здравство ќе мора да обезбеди средства за материјалите што се користат во центарот како стентови, катетри и друго, кои не се ефтини, а засега ги обезбедува скопската клиника.
„Ова е еден проект во кој е сериозно инволвирано Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување. Сите субјекти треба синхронизирано да овозможат оваа болница да ги има сите услови за континуирана работа“, додава Кедев.
Според бројот на лица со болно срце Битола е на второ место во државата, веднаш по Скопје, а на секои два дена се случува по еден инфаркт, покажува официјалната статистика.
„За жал, нивото на кариологија во Битола не е на нивото на кое треба да биде. Нивото на кариоваскуларни заболувања секако дека не се разликува од генералната состојба во Македонија каде овие заболувања се водечка причина и за морбидидтет и за морталитет. Има многу голем број на случаи на републично ниво. Бројот на кариоваскуларните заболувања е во пораст. Смртноста од нив е поголема отколку сите други болести заедно и тоа е сигурно случај и во Битола“, вели Кедев.
Ние имаме една динамика на која се придржуваме од 10 до 15 интервенции месечно. Многу е важен аспектот и на обезбедување на квалитетен тренинг на тие доктори кои ќе треба да работат самостојно.Сашко Кедев, кардиолог.
„Ние имаме една динамика на која се придржуваме од 10 до 15 интервенции месечно. Многу е важен аспектот и на обезбедување на квалитетен тренинг на тие доктори кои ќе треба да работат самостојно. И е побезбедно да работат самостојно во висок волумен како што е Центарот во Скопје, каде се под контрола на искусни интервентни кариолози, отколку да ги фрлиме сами да работат без контрола. Јас сум сигурен дека во текот на идната година ќе имаме повеќе интервенции кои самостојно ќе бидат правени тука од страна на битолските доктори“, вели доктор Кедев.
Во иднина битолската болница преку Фондот за здравство ќе мора да обезбеди средства за материјалите што се користат во центарот како стентови, катетри и друго, кои не се ефтини, а засега ги обезбедува скопската клиника.
За жал, нивото на кариологија во Битола не е на нивото на кое треба да биде. Нивото на кариоваскуларни заболувања секако дека не се разликува од генералната состојба во Македонија каде овие заболувања се водечка причина и за морбидидтет и за морталитет.Сашко Кедев, кардиолог.