Во Охрид врие од стомачни вируси и гнојни ангини. Брзата помош има полни раце работа. Со зголемен обем на работа се соочуваат и матичните лекари, но и инфективното одделение во охридската болница каде се препраќаат по тешките случаи. Пред ординациите на лекарите се чека во редици.
Вирусите се пропратени со високи температури, гадење, повраќање и малаксаност на организмот, вели доктор Ацо Стојаноски, раководител на Брза помош во Охрид.
„Овие летни вирози повеќе ги зафаќаат туристите што доаѓаат во градот, но не се исклучени и нашите сограѓани. Причината не знам од каде потекнува и зошто се јавуваат во овој период. Сите возрасти се застапени, дечиња, средна возраст, како и највозрасната група. Ние можеме да реагираме само со таблетарна и со ампуларна терапија“, вели доктор Стојаноски.
Во периодот после 15 јули дошло со масовно зголемување на бројот на заболени, велат лекарите. Матичниот лекар Виолета Мицковска вели дека среќна околност е што овие вирусни заболувања трајат кратко и оти основна причина е топлото време.
„Се со високи температури 39-40, повраќање, пролив. Повеќе од 30 души дневно се јавуваат во нашата амбуланта. Некои од нив се лекуваат со медикаменти, голем дел од нив завршуваат на инфективна клиника. Топлото време е една од причините, има и труења со храна, стари сладоледи, сувомеснати производи. Најверојатно основна причина се високите температури и нехигиената“, вели доктор Мицковска.
Таа посочува дека причина не е езерската вода, бидејќи има пациенти кои не го виделе езерото, а се со такви тегоби.
Слично е и во соседна Струга. Доктор Ацо Стојаноски се пожали дека Брзата помош во Охрид се соочува со недостаток на лекари и застарен возен парк и со истиот капацитет работи преку цела година.
„Немаме доволно доктори. Ни фалат тројца, четворица доктори за да можеме да работиме нормално, бидејќи многу ни е напорно. Дежурствата се на четврта вечер, имаме проблем и со искористување на одморите. Имаме возила на број, но исправноста е проблем и не се тие возила што треба да бидат за еден туристички град“, вели доктор Ацо Стојаноски.
Доктор Јованка Струлакова Коровешовска од Центарот за Јавно здравје рече дека ова лето во Охрид биле регистрирани и 25 случаи на труење од храна, но оти реалната бројка е поголема. Причина за тоа се прекумерното конзумирање на храна од животинско потекло и неадекватно чување на продукти.
Овие летни вирози повеќе ги зафаќаат туристите што доаѓаат во градот, но не се исклучени и нашите сограѓани. Причината не знам од каде потекнува и зошто се јавуваат во овој период. Сите возрасти се застапени, дечиња, средна возраст, како и највозрасната група.доктор Ацо Стојаноски, раководител на Брза помош во Охрид.
Вирусите се пропратени со високи температури, гадење, повраќање и малаксаност на организмот, вели доктор Ацо Стојаноски, раководител на Брза помош во Охрид.
„Овие летни вирози повеќе ги зафаќаат туристите што доаѓаат во градот, но не се исклучени и нашите сограѓани. Причината не знам од каде потекнува и зошто се јавуваат во овој период. Сите возрасти се застапени, дечиња, средна возраст, како и највозрасната група. Ние можеме да реагираме само со таблетарна и со ампуларна терапија“, вели доктор Стојаноски.
Во периодот после 15 јули дошло со масовно зголемување на бројот на заболени, велат лекарите. Матичниот лекар Виолета Мицковска вели дека среќна околност е што овие вирусни заболувања трајат кратко и оти основна причина е топлото време.
Се со високи температури 39-40, повраќање, пролив. Повеќе од 30 души дневно се јавуваат во нашата амбуланта. Некои од нив се лекуваат со медикаменти, голем дел од нив завршуваат на инфективна клиника. Топлото време е една од причините, има и труења со храна, стари сладоледи, сувомеснати производи. Најверојатно основна причина се високите температури и нехигиената.Виолета Мицковска, матичен лекар.