Овој месец во однос на минатиот двојно е зголемен бројот на заболените лица од инфективните цревни или таканаречени сезонски заболувања, покажуваат податоците во Регионалниот завод за здравствена заштита во Куманово. Според д-р. Предраг Ѓорѓиевски, епидемиолог во Центарот, во овој период кога се високи температурите вообичаено е да има појава на овие заболувања кои се манифестираат со повраќање и пролив.
„Се пие многу вода која го разредува желудочниот сок и со тоа бактериите полесно ја поминуваат првата бариера во организмот. Децата и возрасните се подолго време надвор, помалку обрнуваат внимание на хигиената. Комуналната хигиена главно не задоволува и затоа доаѓа до полесно пренесување на бактериите преку рацете и устата во дигестивниот тракт.“
Исто така се употребуваат овошјето и зеленчукот кои не се добро измиени или нема услови да бидат добро измиени, вели д-р. Ѓорѓиевски и препорачува:
„Попедантно миење на овошјето и зеленчукот, миење на рацете пред секое јадење задолжително и што почесто со сапун и вода, сигурно ќе не спаси од илјадници болести ако не и повеќе. Општата и личната хигиена исто така да се подобри.“
Во случај на појава на овие заболувања кои се карактеристични за малите, предшколските и малите школски деца, тие треба да побараат лекарска помош, бидејќи може да дојде до дехидратација на организмот, па дури и животот да се доведе во опасност, нагласува д-р. Ѓорѓиевски и додава дека подеднакво заболуваат и децата од градските, приградските и селските средини.
„Овој месец се пријавени 194 заболени, а минатиот месец 89. Има и некои хоспитализирани главно во дневна болница.“
РСЕ: Сега во тренд се влажните крпчиња. Дали тие можат да ги заменат водата и сапунот?
„Не, не. Не би рекол дека може да ја заменат водата, бидејќи со водата настанува одмивање. Со нив бактериите можат само подобро да се распоредат. Влажните марамчиња можеби имаат и некој дезифинциенс, не велам не, секако подобро и влажните марамчиња да се користат отколку ништо. Но во секој случај водата и сапунот се најдобрата работа“, вели д-р. Ѓорѓиевски
Попедантно миење на овошјето и зеленчукот, миење на рацете пред секое јадење задолжително и што почесто со сапун и вода, сигурно ќе не спаси од илјадници болести ако не и повеќе. Општата и личната хигиена исто така да се подобри.д-р. Предраг Ѓорѓиевски, епидемиолог.