Достапни линкови

Горештините ги зголемија заразните болести


Куманово
Куманово

Летниот период предизвика зголемување на цревните заболувања во Куманово. Докторите препорачуваат зголемна лична хигиена, а се упатува и на важноста од комуналната хигиена во градот.

Кога температурите се високи и кога е зголемен бројот на инсектите кои пренесуваат најразновидни бактерии, недоволната лична и комунална хигиена се проектираат во се почести цревни заболувања. Бројката на заболените, најчесто децата е поголема во летните месеци, вели епидемиологот др Предраг Ѓорѓиевски од Регионалниот завод за здравствена заштита во Куманово.Тој препорачува:

„Во ова време најважно е да се мијат рацете и тоа што почесто. По секоја манипулација со нив.Особено децата по завршување на
Во ова време најважно е да се мијат рацете и тоа што почесто
играњето, излегувањето од тоалетот,пред јадење,па и по јадење. Со тоа се намалува можноста за заболувања од токсичните заразни заболувања.“

Др Ѓорѓиевски упатува и на хигиена на овошјето и зеленчукот и тоа под многу силни млазеви вода. А кога е во прашање конзумирање на водата тој додава:

„Да се обезбеди хлорирана вода. Сигурна вода. Ако се обезбеди доволно во секое населено место и ако таа правилно се користи ќе се намалат цревните заболувања.“

Од особено значење меѓутоа е и комуналната хигиена.Во летниот период неопходно е редовно да се изнесува сметот од улиците и во близина на станбените објекти.
Да се мијат улиците каде што се исфрла сметот. Во близина на станбени комплекси, на паркинзи и игралишта кои се места за контаминација и со раце внесување на овие агенси на заразните заболувања


„Да се мијат улиците каде што се исфрла сметот. Во близина на станбени комплекси, на паркинзи и игралишта кои се места за контаминација и со раце внесување на овие агенси на заразните заболувања.“

Објаснува др Ѓорѓиевски.Тој нагласува дека секое повраќање и болки во стомакот не мора да значи дека е симптом на заразно заболување.Сепак треба да се побара лекарски совет како би се утврдило за каков вид заболување се работи и кои мерки треба да се преземат.Дали ќе биде доволно само конзумирање течности,сокови,витамини и надоместок на електролити или пак се работи за некаква друга болест.
Дали е доволна само личната хигиена за зачувување на здравјето од заразните болести или на тоа влијае и нечистата животна средина.

„Лично внимавам на личната хигиена и на исхраната особено на овошјето и зеленчукот.Тоа не значи дека ќе бидам заштитен оти околината во која живеам не доволно е чиста.“

Смета млад кумановец кој додава дека не знае колку се хигиенски условите во кафулињата и сендвичарниците,па и во бурекџилниците,во кои особено во ноќните часови младите пијат и јадат. И на возрасните кумановци им се чини дека комуналната хигиена е извор на заразните болести.

„На местата на кои се поставени контејнерите за смет има многу нечистотија од истекување на течности.“

Комуналното претпријатие „Чистота“ понекогаш ги мие улиците,само оние во централното градско подрачје. Меѓутоа при секое поминување во близина на садовите за смет без оглед дали се полни или празни се чувствува неподнослива реа. И додека не се подобри севкупната хигиена веројатно појавата на цревните заразни заболувања нема многу да се намали, велат кумановци, согласни со стручњаците.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG