Достапни линкови

Тодоров и лекарите повторно преговараат


Од протестот на лекарите специјалисти од Клинички центри пред Владата.
Од протестот на лекарите специјалисти од Клинички центри пред Владата.

За една недела ова е втора средба на лекарите штрајкувачи со министерот Тодоров. Оваа средба следува по минатонеделната средба што претставници на синдикатите ја имаа со премиерот Никола Груевски.

Лекарите штрајкувачи и Министерството за здравство попладнево разговараат за изнаоѓање начин како да се надминат проблемите во здравството. По повеќе од еден месец штрајк, лекарите велат дека се спремни да го стават штрајкот во мирување, доколку Министерството го стави во мирување плаќањето по учинок. Министерството понуди во проектот за плаќање по учинок да биде вграден аме­ри­кан­ски­от бодовник. Тие остануваат на ставот во моделот да бидат вклучени и казни и награди. Но доктор Дејан Ставриќ, прет­се­да­тел на Самостојниот синдикат на клиничките центри, вели дека бодовникот е доста стар модел.
Ако доволно се зголемат платите може да се толерира некаква казна од 5 до 10 проценти, доколку нема суштинско остварување на првото барање, тогаш ниедна казна не е прифатлива.
Доктор Дејан Ставриќ, прет­се­да­тел на Самостојниот синдикат на клиничките центри.

„Според податоците што досега ги имаме, нема некакво расположение за примена на тој модел, така да можеби ќе се бара и друг модел.“

Што се однесува до казните, доктор Ставриќ вели дека тие треба да зависат од платите.

„Ако доволно се зголемат платите може да се толерира некаква казна од 5 до 10 проценти, доколку нема суштинско остварување на првото барање, тогаш ниедна казна не е прифатлива.“

Ако има некаков договор сакаме да го видиме, затоа што не можеме да пристапиме кон понатамошна анализа се додека не знаеме за што всушност станува збор. За споредба ние купивме ДРГ коефицинети од владата на Австралија во 2007 година и таа лиценца ја плативме 50 илјади долари. Вие не можете како министерство за здравство да дистрибуирате било каков вид на владин документ од друга влада доколку нема договор или предговор за негово мислење.
Доктор Владимир Лазаревик.

Доктор Владимир Лазаревик од Хелт групер, вели дека по добивањето на тој бодовник, многу здравствени институции им се обратиле и побарале помош од нив како експерти. Лазаревик вели дека документот кој им е доставен на јавните здравствени установи е всушност превземен од официјалната американска владина агенција за медицинска грижа. Тој вели дека тие документи се јавно достапни, но се заштитени со закон.

„Ако има некаков договор сакаме да го видиме, затоа што не можеме да пристапиме кон понатамошна анализа се додека не знаеме за што всушност станува збор. За споредба ние купивме ДРГ коефицинети од владата на Австралија во 2007 година и таа лиценца ја плативме 50 илјади долари. Вие не можете како министерство за здравство да дистрибуирате било каков вид на владин документ од друга влада доколку нема договор или предговор за негово мислење.“

Министерот за здравство Никола Тодоров вчера изјави дека треба да се искористат позитивните придвижувања во преговорите со синдикатите од здравство, за да се надминат несогласувањата. Тој вели дека не му е својствено преговорите да се водат преку медиумите и затоа постојано избегнува да дава оценки за тоа како течат разговорите.

Независно од преговарачкиот процес остануваат тужбите за директорите на клиниките поради тоа што незаконски им исплатиле намалени плати на лекарите кои штрајкуваат.

„Тужбите остануваат, пристигнуваат податоци од други градови, од други клиники, секаде има прекршувања и по секој случај ќе биде поднесена тужба, тие пари мора да се вратат зато ашто неосновано се одземeни“, вели Доктор Ставриќ.

За една недела ова е втора средба со министерот Тодоров. Оваа средба следува по минатонеделната средба што претставници на синдикатите ја имаа со премиерот Никола Груевски.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG