Достапни линкови

Нови возила за брзата помош во Куманово


Здравствениот дом во Куманово се поднови со три современо опремени возила за итна медицинска помош.
Здравствениот дом во Куманово се поднови со три современо опремени возила за итна медицинска помош.

Здравствениот дом во Куманово во иднина ќе може да им пружа соодветни итни здравствени услуги на граѓаните откако се поднови со три возила за итна помоши и се вработија четворица лекари.

Со четворица нововработени лекари и со три современо опремени возила за итна медицинска помош, Здравствениот дом во Куманово во иднина ќе може да им пружа соодветни итни здравствени услуги на граѓаните. Според директорот Миомир Панковски во наредниот период ќе бидат вработени уште лекари, со што ќе бидат надминати тешкотиите во функционирањето на оваа институција од витално значење за граѓаните.
Во возилата постои опрема каква до сега не сме имале. Освен тоа возилата ќе бидат снабдени со комуникациски системи за комуникација со болницата, ќе бидат инсталирани и дополнителни помагала, со што врз основа на касета на докторот ќе му се овозможи да го применува потребниот протокол и да го примени на пациентот.
Миомир Панковски, директор на Здравствен дом во Куманово.


„Во возилата постои опрема каква до сега не сме имале. Освен тоа возилата ќе бидат снабдени со комуникациски системи за комуникација со болницата, ќе бидат инсталирани и дополнителни помагала, со што врз основа на касета на докторот ќе му се овозможи да го применува потребниот протокол и да го примени на пациентот.“
Миомир Панковски, директор на Здравствениот дом во Куманово.
Миомир Панковски, директор на Здравствениот дом во Куманово.

Кумановскиот Здравствен дом според доктор Панковски во новите возила располага со опрема составена од преносен аспиратор што се применува при сообраќајни несреќи, респиратор, дефибрилатор за кардиологија, апарат за мерење на висината на шеќерот во крвта, кислородна поддршка, за имобилизација при повреда на вратниот дел од рбетот, носила, специјална столица за кардиолошки случаи, помагало за пренос на пациентот од возилото до болницата и друго. За кадровската опременост доктор Панковски вели дека се надминати проблемите со ноќната амбуланта.
Со новите возила возниот парк е многу обновен тоа значи и навремено и поквалитетна здравствена заштита на нашите граѓани.
Марјан Спирковски, началник на Одделението за итна медицинска помош во Куманово.

„Најпосле се реши и тој проблем со нововработени четврица лекари и со тој капацитет од седум екипи ќе можеме да им излеземе во пресрет на лекарите.“

Лекарите се едуцирани за користење на новите возила, а началникот на Одделението за итна медицинска помош доктор Марјан Спирковски вели дека:
Здравствениот дом во Куманово.
Здравствениот дом во Куманово.

„Со новите возила возниот парк е многу обновен тоа значи и навремено и поквалитетна здравствена заштита на нашите граѓани.“

РСЕ:Каква сега ќе биде разликата?

„Разликата ќе биде многу голема затоа што со новите три возила, ќе се овозможи поквалитетна здравствена заштита на нашите граѓани на лице место. “

Колку итната медицинска помош соодветно ги задоволила потребите на граѓаните зависи и од многу субјективни и објективни околности. Сепак запрашаните граѓани велат:

„Не сум имал потреба, а слушам дека добро работат.“

„Не сум користел услуги, сум слушнал дека се главно задоволни“, велат граѓаните кои секое осовременување на услугите од здравствената област го сметаат како чекор напред.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG