Достапни линкови

Штрајкот на лекарите продолжува


Протестен марш на лекарите специјалисти од Клинички центри од Македонија пред Владата на Република Македонија.
Протестен марш на лекарите специјалисти од Клинички центри од Македонија пред Владата на Република Македонија.

Првата средба на лекарите со премиерот и министерот за здравство била за да си ги разменат гледиштата, но нема договор.

Не се прекинува штрајкот на лекарите по вчерашната средба во владата, на која докторите разговараа со Министерот за здравство Никола Тодоров и премиерот Никола Груевски. Договор не е постигнат и штрајкот продолжува, вели доктор. Владимир Лазаревик.
Зошто нема договор, затоа што очигледно не може да се најде соодветен начин, како да се моделира постоечкиот модел на плаќање по учинок, којшто буди бурни реакции и револт, помеѓу мнозинството лекари во Македонија
Доктор Владимир Лазаревик.


„Зошто нема договор, затоа што очигледно не може да се најде соодветен начин, како да се моделира постоечкиот модел на плаќање по учинок, којшто буди бурни реакции и револт, помеѓу мнозинството лекари во Македонија.“

Средбата повеќе беше за запознавање на гледиштата на двете страни, вели доктор Дејан Ставриќ од Синдикатот на клиничкиот центар.
Протестен марш на лекарите специјалисти од Клинички центри од Македонија пред Владата на Република Македонија.
Протестен марш на лекарите специјалисти од Клинички центри од Македонија пред Владата на Република Македонија.

„Си ги претставивме гледиштата, во мал дел беа преговори околу нешто, значи околу проектот, тука сигурно дека ќе има измени околу одредени делови, меѓутоа тоа е работа што претстои. Секако дека не може да се каже дека е постигнат никаков договор, затоа што не може ниту јас сам, ниту делегацијата што треба да одлучува по тоа прашање, туку одредени прашања мора да се одобрат и од штрајкувачкиот одбор, од базата.“
Никогаш не сме биле против принципот наградување по учинок или успешност, значи ние сме за тоа, со таа идеја дури и пред да се формира оваа влада, ние отсекогаш сме барале таков тип на наградување според заслуги, меѓутоа бидејќи овој модел го прави токму спротивното.
Дејан Ставриќ, Синдикат на клинички центар.

Остануваме на своите барања, а штрајкот ќе заврши кога ќе биде постигнат договор, откако ќе се смени моделот за плаќање по учинок и ќе се покачат платите, вели Ставриќ.

„Никогаш не сме биле против принципот наградување по учинок или успешност, значи ние сме за тоа, со таа идеја дури и пред да се формира оваа влада, ние отсекогаш сме барале таков тип на наградување според заслуги, меѓутоа бидејќи овој модел го прави токму спротивното, бидејќи е штетен за пациентите ваков каков што е, бидејќи е квантитативен, а не квалитативен модел и не обрнува никакво внимание на квалитетот на здравствената услуга, затоа и бараме сериозни модификации.“

Во контекст на настанатата состојба која трае веќе месец дена ќе се организира меѓународен самит на кој ќе учествуваат врвни странски експерти од Холандија и од Германија од областа на плаќањето по учинок, вели доктор Лазаревик.

„Покрај тие експерти, ќе дојдат и врвни македонски експерти, како и сите чинители во процесот, со цел на едно место и во еден ден се разговара и се дебатира на вистинските проблеми со кои се соочуваат реформаторите на ваквите реформи, насекаде во светот. Да се пренесат меѓународните искуства, да се презентира нашиот модел, да ги прашаме засегнатите страни за што всушност станува збор, каде се вистинските проблеми и да излеземе со предлог којшто би можел да придонесе за решавање на оваа практично тешка состојба во здравството.“

Министерот Никола Тодоров по средбата изјави дека ќе се опстои на концептот за оние лекари кои ќе работат повеќе да бидат наградени, а оние кои недоволно посветено пристапуваат на работата да им биде намалена платата.
XS
SM
MD
LG