Собирот што се одржува во Доха има за цел да ги приближи ставовите на земјите во светот да се согласат на нов договор за намалување на емитувањето штетни гасови во атмосферата што, пак, тесно е поврзано со климатските промени.
Во обраќањето пред учесниците, генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-мун прецизира дека рекродното намалување на морскиот мраз на Арктикот, супербурите и покачувањето на нивото на морињата се очигледни показатели дека Земјата е во криза.
Тој додаде дека климатските промени се насекаде, при што ги спомна сушите од, како што рече, Соединетите Држави до Индија и од Украина до Бразил.
„Знаците за опасност се насекаде. Една третина од светската популација живее во земји со зголемен стрес поради недостиг на вода. Од деградацијата на земјиштето се погодени милијарда и пол луѓе. Мразовите и глечерите се топат, нивото на морињата расте. Сега ненормалноста е нова нормалност.“
Според Бан Ки-мун, никој на светот нема да биде имун на климатските промени кои ги оцени како егзистенцијален предизвик за човештвото и неговата иднина.
„Никој не е имун на климатските промени, богат или сиромашен. Тоа е егзистенцијален предизвик за целата човекова раса, нашиот начин на живот и нашите планови за иднината. Мора да је преземеме одговорноста. Ние колективно претставуваме проблем и затоа би требало да имаме решенија.“
Бан Ки-мун додаде дека супербурата „Сенди“ која ги погоди Карибите и источниот брег на Соединетите Држави пред еден месец и предизвика смрт и уништување, мора да биде повикот за будење дека изминува времето за акција.
Дел од научниците во светот продолжуваат да се сомневаат во врска со тоа дали глобалното затоплување и екстремните временски услови се резултат од човечката активност, односно преголемото трошење на фосилни горива кои создаваат испуштање на штетни гасови во атмосферата.
На двонеделниот собир во Доха кој треба да заврши на 7 декември досега не е постигнато приближување на ставовите за продолжување на Протоколот од Кјото кој истекува на крајот од годинава.
Доколку не се постигне согласност, тогаш светот од идната година ќе остане без обврзувачка рамка за редукција на гасовите. Делегатите велат дека тоа ги намалува и напорите за постигнување нов поригорозен Протокол за штетните гасови по 2020 година.
Богатите и земјите во развој сè уште се длабоко поделени околу количеството гасови што би требало да бидат редуцирани, како и околу финансиската поддршка што богатите земји за таа цел треба да им ја дадат на сиромашните.
Протоколот од Кјото беше постигнат во 1992 година и бараше од индустријализираните земји да ги намалат штетните гасови за 5,2 насто под нивото во 1990 година. Русија, Јапонија и Канада соопштија дека се откажуваат од Протоколот, бидејќи Кина и Индија одбиваат да ги прифатат нормите.
Соединетите Држави, кои по Кина се втор најголем загадувач со штетни гасови, никогаш го немаат ратификувано Протоколот од Кјото. Претходниот обид за продолжување на овој протокол, во Копенхаген 2009 година заврши неуспешно.
Знаците за опасност се насекаде. Една третина од светската популација живее во земји со зголемен стрес поради недостиг на вода. Од деградацијата на земјиштето се погодени милијарда и пол луѓе. Мразовите и глечерите се топат, нивото на морињата расте. Сега ненормалноста е нова нормалност.Бан Ки-мун, генерален секретар на ОН.
Во обраќањето пред учесниците, генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-мун прецизира дека рекродното намалување на морскиот мраз на Арктикот, супербурите и покачувањето на нивото на морињата се очигледни показатели дека Земјата е во криза.
Тој додаде дека климатските промени се насекаде, при што ги спомна сушите од, како што рече, Соединетите Држави до Индија и од Украина до Бразил.
„Знаците за опасност се насекаде. Една третина од светската популација живее во земји со зголемен стрес поради недостиг на вода. Од деградацијата на земјиштето се погодени милијарда и пол луѓе. Мразовите и глечерите се топат, нивото на морињата расте. Сега ненормалноста е нова нормалност.“
Никој не е имун на климатските промени, богат или сиромашен. Тоа е егзистенцијален предизвик за целата човекова раса, нашиот начин на живот и нашите планови за иднината. Мора да је преземеме одговорноста. Ние колективно претставуваме проблем и затоа би требало да имаме решенија.Бан Ки-мун, генерален секретар на ОН.