Достапни линкови

Партиите клучни за фер избори


Дури и во најконкурентно политичко опкружување, клучно е партиите да играат по правилата, вели евроамбасадорот Аиво Орав.

Јасна поделба на партиите од државата, транспарентно финансирање на кампањите, гаранција дека гласачкото тело ќе биде ослободено од заплашувања, а притоа да се зачува меѓуетничкиот соживот, се насоките во кои треба да се движи изборната реформа, порача амбасадорот на ОБСЕ Ралф Брет на денешната конференција за улогата на политичките партии во Изборниот процес. Особено пред спроведувањето на локалните избори во наредната година, политичките партии треба да претставуваат еден мост до граѓаните, додава Брет.
Политичките партии природно ги претставуваат нивните гласачи, но нивниот придонес не завршува тука.
Ралф Брет, амбасадор на ОБСЕ во Македонија.

„Политичките партии природно ги претставуваат нивните гласачи, но нивниот придонес не завршува тука. Сите вие, како лидери и членови на политичките партии, сте централни актери во демократските процеси во земјата, како што се единствената позиција за промовирање на социјалниот дијалог, подигнување на политичката култура, промовирање на учеството на етничките малцинства и на жените и интеграција на маргинализираните групи во политичкиот живот.“
Во актуелниот политички изборен процес, односите меѓу политичките партии стануваат поконкурентни. Тоа е нормално, па дури и позитивно. Тоа овозможува електоратот да има алтернативи. Сепак, дури и во најконкурентно политичко опкружување, клучно е партиите да играат по правилата.
Аиво Орав, амбасадор на ЕУ во Македонија.

Претседателот на собранието Трајко Вељаноски вели дека политичките партии со пораките кои ги пласираат пред и за време на изборите директно влијаат на атмосферата за фер и демократски избори. Според него, почитувањето на волјата на народот и изборниот резултат е обврска на сите политички партии.

„Преку своите дејства партиите се трудат да ги следат своите приоритети, да ги да ги остварат нивните цели и да има колку што е можно поголема корист, сепак партиската желба и декларираноста кон демократско однесување, мора д аја надминуваат желбата да се добиваат изборите по секоја цена.“

Евроамбасадорот Аиво Орав вели дека политичките партии се клучните играчи во плуралистичките демократии, а во меѓуизборието ја имаат најзначајната улога за спроведување на изборните реформи.

„Во актуелниот политички изборен процес, односите меѓу политичките партии стануваат поконкурентни. Тоа е нормално, па дури и позитивно. Тоа овозможува електоратот да има алтернативи. Сепак, дури и во најконкурентно политичко опкружување, клучно е партиите да играат по правилата.“

На конференцијата присуствуваа и претставници на политичките партии од земјава, кои дискутираа за заложбите на ОБСЕ за демократски избори и предизвиците со кои се соочуваат при нивното спроведување.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG