Случајот со ресенките лични карти стигна во битолското обвинителство. Генералниот секретар на СДСМ, Андреј Петров ги достави сите материјали со кои располага партијата за обвинувањата што ги изнесоа деновиве дека во Ресен масовно им се издаваат лични карти на жители од Мала Преспа. Од опозицијата побараа обвинителството неодложно да покрене постапка за испитување на случајот, критикувајќи дека на овој начин власта се обидува да донесе гласачи од надвор за претстојните локални избори.
„Ова е голем скандал со кој се урива демократскиот поредок и се создава голема недоверба во капацитетот на институциите да овозможат фер и демократски избори. Од денеска обвинителството ги има фотографиите во кои јасно се гледа граѓаните во група како стојат, нотарската канцеларија каде се заверувале договорите за наем на стан, копии од договорите со кои се потврдува дека повеќемина гласачи се пријавуваа бесплатно да живеат под кирија во еден стан. Но, и фотографии како групата граѓани одат во подрачната единица на Министерството за правда за да извадат нови лични карти, а со тоа да го исполнат условот да бидат вметнати во избирачкиот список“, изјави Петров.
Тој го повика јавниот обвинител да спроведе истрага и да не дозволи никој да не ја сноси одговорноста за, како што рече, овој скандал.
„Обвинителството има обврска да открие чиј е станот на кој се регистрирале гласачите, кој е нотарот што заверувал договори за стан за повеќемина на иста адреса, кои се административците кои помогнале да се изведе операцијата и по чиј налог се изведувала акцијата со лажните гласачи.“
ВМРО-ДПМНЕ деновиве го демантираше случајот и обвини дека ова е очаен обид на СДСМ за пронаоѓање алиби за очигледниот пораз на претстојните избори.
Екипата на Радио Слобода Европа го посети Ресен и спроведе анкета со повеќемина граѓани кои посведочија дека виделе групи со жители од Мала Преспа како чекаат пред нотарските канцеларии.
Ова е голем скандал со кој се урива демократскиот поредок и се создава голема недоверба во капацитетот на институциите да овозможат фер и демократски избори. Од денеска обвинителството ги има фотографиите.[...] како групата граѓани одат во подрачната единица на Министерството за правда за да извадат нови лични карти, а со тоа да го исполнат условот да бидат вметнати во избирачкиот список.Андреј Петров, СДСМ.