Достапни линкови

Преку национализам до гласот на граѓаните


Политичките партии играат на националистичка карта, бидејќи таа карта е најлесна за да се стигне до гласачот, велат експертите.

Се почестата појава на користење на национализмот во предизборната кампања, експертите ја анализираат како обид на политичките партии да го сочуваат партискиот рејтинг и да обезбедат повеќе гласови на претстојните избори.
За жал постојано, секогаш кога ќе видат прилика, политичките партии играат на таа карта, бидејќи вообичаено им се исплатува. А им се исплатува затоа што кај нас граѓаните премногу се сензибилизирани за националните прашања и тоа е коренот на проблемот, значи не ги гледаат социјалните проблеми со кои се соочуваат, туку пред се националните прашања.
Здравко Савески, универзитетски професор.


За дел од аналитичарите прашањата со националистички предзнак се користат и како алатка со која се одвлекува вниманието на јавноста од реалните социјални проблеми.

„За жал постојано, секогаш кога ќе видат прилика, политичките партии играат на таа карта, бидејќи вообичаено им се исплатува. А им се исплатува затоа што кај нас граѓаните премногу се сензибилизирани за националните прашања и тоа е коренот на проблемот, значи не ги гледаат социјалните проблеми со кои се соочуваат, туку пред се националните прашања“, објаснува универзитетскиот професор Здравко Савески.

Се додека не се случи историско помирување меѓу Македонците и Албанците во земјата, партиите ќе ги користат како главен адут пред избори националистичките прашања, вели универзитетскиот професор Арсим Синани.
Но според него, граѓаните стануваат свесни дека национализмот не може да им понуди поубава перспектива и подобра живеачка.
Политичките партии и македонските и албанските, можат да играат на националистичката карта, таа карта е најлесна за да се стигне до гласачот и полесно е да се дојде до гласот.
Арсим Синани, универзитетски професор.

„Во 2012-та мислам дека националистичките карти се потрошени, бидејќи граѓаните бараат перспектива, а таа перспектива ја гледаат во ЕУ и во НАТО“,
вели Синани.

Во Македонија стана вообичаено се што ќе добие националистички предзнак да се толкува како дел од Рамковниот договор и идејата за обединување на етничките заедници, велат аналитичарите. Според Савески, Рамковниот стана политички легитимна база од која се тргнува, а секој политички субјект се претставува како вистински претставник на тој документ.

„Духот на Рамковниот договор не е потпалување на национализмот во секоја можна прилика кога ќе се почувствува дека тоа е можно.“

Не дека не можат, туку партиите не сакаат да понудат предизборна политичка платформа која би повикувала на обединување и заедничко дејствување, истакнува Синани.

„Политичките партии и македонските и албанските, можат да играат на националистичката карта, таа карта е најлесна за да се стигне до гласачот и полесно е да се дојде до гласот.“

Играњето на националната карта е највообичаено пред избори, иако не отсуствува и тогаш кога партиите ќе проценат дека може да им донесе политички поени, заклучуваат експертите. Покрај големиот број споменици на историски личности, кои во последните неколку години се изградија во Скопје, пред два дена во Кичевско на јарбол висок 33 метри се појави шестметарско албанско знаме.
Премиерот Никола Груевски, изјави дека треба да се провери дали таквиот чин е во согласност со Рамковниот договор.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG