Со спласнувањето на горештините, почитувани, еве ве повторно на веб-страницата на Радио Слободна Европа на македонски. Многу теми со различни содржини и многу пораки.
Текстот на Дарко Давитковски, првиот човек на социјалдемократската младина, во младинската он-лајн колумна на нашево радио, во кој ги повикува младите да не дозволат да бидат обликувани како пластелин го предизвикал Владо од Скопје да коментира дека неговата партија и нарцисоидниот нејзин водач, како што вели за СДСМ и за Црвенковски, имале само болна желба да се вратат на власт и дека е убеден дека младите не мислеле како што изнесува Давитковски во својот текст.
За Димитар, пак, исто така од Скопје, колумната е одлична, а навредите на лична основа, пишува Димитар, говорат за аргументираноста на колумната и покажуваат дека се активирал, како што вели, Центарот за лаги и манипулации на владејачката партија.
По неделното интервју со Владо Димовски од Центарот за меѓуетничка толеранција, во кое тој ја истакнува поентата дека само граѓанските организации можат да создадат политичка опција или здружение со мешан етнички карактер, редовниот Миле од Охрид испратил долга анализа со свое видување дека такво нешто во Македонија не било можно и дека сите обиди за таков вид организирање биле спречени од страна на самонаречената, како што пишува, меѓународна заедница и од нејзините инсталации во Македонија, па ги реди веќе од него чуените имиња на новинари, политички аналитичари, невладини и други институции, меѓу кои и Радио Слободна Европа, за кои смета дека се такви странски инсталации кои се бореле за промена на името на државата и за бришење на Македонија од географската карта.
Фатон, пак, го прашува Димовски дали во неговата организација има претставници на сите етнички групи во земјава или ги бира луѓето „според квалитетот“(во наводници), а не според етничката припадност.
„Заедничка историја за македонските и албанските ученици?“ - е насловот на нашата информација за идејата на Асоцијацијата на наставниците по историја и Министерството за образование за воведување нова наставна програма по историја, а коментарите покажуваат дека нашите луѓе, изгледа, сè уште не се подготвени за такво нешто. Македонец од Скопје смета дека целта била да се направеле Албанците светци, а Димитар од Куманово има интересна теза дека историјата требало да нè разединува бидејќи секој народ си имал своја историја и своја трагедија во неа.