Достапни линкови

Заедничка историја за македонските и албански ученици?


Скопје во 1912 година.
Скопје во 1912 година.

Асоцијацијата на наставници по историја во партнерство со Министерството за образование ја разгледуваат можноста за воведување нова наставна програма по историја.

Асоцијацијата на наставници по историја во партнерство со Министерството за образование ја разгледуваат можноста за воведување нова наставна програма по историја со која како што велат ќе се спречи доминантните етнички заедници да продуцираат нивни традиционални стории за минатото. Според податоците од нивната анализа, наставната програма по историја малку се променила во последните дваесет години, а во пристапот кон наставата не се имплементирани можностите за критичко мислење на учениците.
Секој наставник, Македонец или Албанец, ако го повикате да разговара со вас и да ги согледа сите оние забелешки коишто ги има во учебниците, секој си ги кажува своите факти и аргументи.
Сафет Незири, заменик министер за образование.

Наставата по историја треба да ја опфаќа историјата на луѓето што живеат во Македонија почитувајќи ја нивната разноликост, но исто така поддржувајќи го чувството на припаѓање, за надминување на присутната поделба на македонски и албански наративи, изјави заменик министерот за образование Сафет Незири на прес-конференцијата на која беше презентирана анализата.
Споменикот на Питу Гули во паркот „Жена борец“.
Споменикот на Питу Гули во паркот „Жена борец“.

„Секој наставник, Македонец или Албанец, ако го повикате да разговара со вас и да ги согледа сите оние забелешки коишто ги има во учебниците, секој си ги кажува своите факти и аргументи. Ако прашате наставник по историја-Македонец ќе каже ова се моите факти. Од другата стана, ако прашате историчар Албанец или Турчин, ќе кажат овие се моите факти“, вели Незири.

Идејата е многу добра, но многу тешко се применува во наставата, затоа што во мултиетнички општества како што е нашето е многу тешко да можете да направите учебник којшто ќе ги задоволува критериумите на сите коишто живеат во таа држава. На пример, еве во нашите учебници имате наставни единици македонски и албански, имате да речеме многу малку, дали 0,5 отсто за Власите, ги немате Србите, ги немате Турците, ги немате сите други коишто живеат во Македонија.
Тодор Чепреганов, директор на Институтот за национална историја.
Од Асоцијацијата на наставници по историја проценуваат дека наративите на минатото треба да имаат подобра рамнотежа меѓу аспектите кои обединуваат и кои делат. Тие предлагаат сите потребни мерки да се преземат од наставници по историја обединети во Асоцијацијата во партнерство со Министерството и сите релевантни чинители.

„Историјата не може да ја промениш, работата е на што ќе се концентрираме.“

Директорот на Институтот за национална историја Тодор Чепреганов смета дека идејата е добра, но се сомнева дека новата наставна програма ќе даде резултат каков што посакуваат инцијаторите. Сличен проект во Македонија постои и кога се работи за наставните програми по историја со три соседни држави.

„Идејата е многу добра, но многу тешко се применува во наставата, затоа што во мултиетнички општества како што е нашето е многу тешко да можете да направите учебник којшто ќе ги задоволува критериумите на сите коишто живеат во таа држава. На пример, еве во нашите учебници имате наставни единици македонски и албански, имате да речеме многу малку, дали 0,5 отсто за Власите, ги немате Србите, ги немате Турците, ги немате сите други коишто живеат во Република Македонија. Прашањето е како да се дојде до правење учебник којшто ќе ги задоволи критериумите на сите коишто живеат во Република Македонија“, вели Чепреганов.

Претставниците на Европската асоцијација за образование кои се иницијатори на анализата најавија поддршка преку понуда на насоки на соработка и организирање обуки на наставници. Во нивната анализа се упатува дека целта е гласот на цивилното општество да се слушне во политиката на реформите.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG