Достапни линкови

Политиката се меша во историјата


MANU Building
MANU Building

Политиката длабоко се меша и во историјата, а тоа дополнително ја отежнува и онака слабата комуникација меѓу историчарите Македонци и Албанци околу одредени „спорни“ термини и личности од заедничкото минато, велат дел од историчарите.

Во последно време имаше неколку препокувања, прво околу учебниците по историја, потоа енциклопедијата, следуваа препукувања за цркви и џамии, а сега е актуелно поставувањето на спомениците. Ардиан Лимани од здружението на историчари Албанци вели дека
Тоа е невозможно, без деполитизација на науката, значи не се можни блиски средби. Затоа што ако се сретнеме и дојде до резултат од таа средба тоа сигурно ќе се судри со политиката и дневно политичките цели на политичките партии на власт. Историјата е ставена во служба на политичките програми, затоа политичарите ја менуваат историјата според дневно политичките потреби.
комуникацијата со нивните колеги Македонци е отежната поради мешање на политиката во нивната работа. Тој вели дека неможат да се договорат ни за Мајка Тереза, а што останува со другите „спорни“ личности и термни и да не зоруваме, вели Лимани

„Тоа е невозможно, без деполитизација на науката, значи не се можни блиски средби. Затоа што ако се сретнеме и дојде до резултат од таа средба тоа сигурно ќе се судри со политиката и дневно политичките цели на политичките партии на власт. Историјата е ставена во служба на политичките програми, затоа политичарите ја менуваат историјата според дневно политичките потреби.“

Дека историјата се меша во политиката се согласува и професорот по историја, Лазар Лазаров. Тој водејки се по онаа поговорка: „Дајте му го на Царот царевото , на господа –господовото“, вели дека историјата треба да се остави на науката, а политичарите нека си ја тераат политиката. Но како што вели тој таа работа во земјава оди многу тешко.

„Ние кај нас, посебно нашите интелектуалци и науката во целина е на некој начин под влијание на политиката. Тоа беше уште поизразено во времено на југословенската федерација. Сега продолжува, владеачката гарнитура има свое влијание и во науката и во бизнисот има свое влијание.“

Како една од причините зошто политиката се меша во науката, и двајцата историчари ги наведуваат парите, бидејќи како што велат научниците многу слабо се платени за својата работа.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG