Достапни линкови

Бавна постапка за нова редакција на енциклопедијата


Во МАНУ бавно се одвива постапката за избор на следниот редакциски одбор за старо-новата енциклопедија. Засега единствено е сугирно дека академик Ѓорги Ефремов ќе биде еден од членовите на главна редакција, вели академик Митко Маџунков.

Во МАНУ бавно се одвива постапката за избор на следниот редакциски одбор за старо-новата енциклопедија. Засега единствено е сугирно дека академик Ѓорги Ефремов ќе биде еден од членовите на главна редакција, вели академик Митко Маџунков.
Малку се одолговлекува според моето чувство, малку сме бавни.


,,Малку се одолговлекува според моето чувство, малку сме бавни."

Тој се очекува да биде избран за нов главен редактор , откако е решена дилемата дали како нов шеф на лексигографскиот центар истовремено може да го води и одборот за уредување на енциклопедијата. И натаму се отворени две дилеми - кои академици Албанци ќе учествуваат во подготовката на енциклопедијата и што ќе се прави со првото издание.

Јавна тајна е дека речиси половината од спорната енциклопедија за овие неколку месеци веќе е во домашните библиотики на поединци кои ја третираат како вредно библиографско издание. Според академик Маџунков енциколепедијата ќе биде потемелно редактирана до нејзин нов формат.

,,Една концепција за една нова енциклопедија."

Напишаните одредници, пред да бидат конечно систематизирани во еницклопедијата, ќе бидат ставени на сајт на МАНУ, за коментари и заблешки во научната јавност

,,Треба да се создаде простор, за првото издание, такво какво што е, со сите негови недостатоци стигне до стручната јавност."
,,Одлуките на Собранието беа јасни, да се повлече тоа, и тие работи, контраверзни изјави создаваат одредена несигурност."

оценуваат академиците Катица Ќулафкова и Алајдин Абази..

Во реакцијата по првото и контроверзно издание на енциклопедијата дел од експертската јавност најде многу слабости во одредниците и нивното уредување..

,,Главен пропуст е што се земени луѓе кои се ноторно познати по своите еднострани националистички ставови од кои не сакаа во овој случај да отстапат. Јас најдов повеќе од 200 навистина проблематични одредници,"

коментира проф. Ферид Мухиќ..

Деновиве претседателот на МАНУ Старделов добил гаранции дека ќе бидат предложени најмалку двајца историчари од албанската заедница како нови автори за спорните одредници, а ректорот на универизтетот Југоисточна Европа и академик Абази ќе биде дел од новиот редакциски одбор:

,,Нема до сега ниту еден чекор направен да се направат сериозни реформи, посебно со идејата да се формира еден центар за албанолошки студии, за јазикот, културата и историјата на Албанците."
XS
SM
MD
LG