Достапни линкови

Рамковниот оспоруван, алтернатива нема


Рамковниот договор секогаш е на своевиден тест на патот на неговата имплементација. Секогаш има простор за негово подобрување и треба да се работи на тоа во демократски и толерантен дух, велат експертите.

Охридскиот рамковен договор ја има поддршката на политичките партии, како и на меѓународната заедница, но во последните неколку години некои политички субјекти од албанскиот блок од опозицијата излегуваат со барања за негово менување.
Рамковниот договор, како и секој договор, има свои маани и недостатоци, но она што е основно како став на една политичка партија е дека тој договор ја стабилизира Македонија во 2001 и дека начелно мора да се прифати онаков каков што е.
Здравко Савески, универзитетски професор.

Прослава на осум годишнината од Охридскиот Рамковен Договор во Маврово.
Прослава на осум годишнината од Охридскиот Рамковен Договор во Маврово.
Овие идеи не се прифатени, но експертите велат дека поради таквиот однос и припадниците на различните етнички заедници различно го доживуваат. Не треба да се запостави и фактот дека по повод одбележувањето на годишнината од потпишувањето на Рамковниот договор, што ги организираат вицепремиерите задолжени за спроведување на договорот, некои од политичарите кои имаат високи функции од македонскиот блок не доаѓаат на приемите, иако велат дека Рамковниот договор е добар. Посебно е значајно што повеќето експерти сметаат дека за добри меѓуетнички односи е неопходно и важно е политичките субјекти прво да се покажат во својот однос кон овој документ.
Имам впечаток дека не се доречени околу овој договор, како да морале да почитуваат некакви сугестии или биле под влијание на некакви очекувања.
Ибрахим Мехмети, политички аналитичар.

„Рамковниот договор, како и секој договор, има свои маани и недостатоци, но она што е основно како став на една политичка партија е дека тој договор ја стабилизира Македонија во 2001 и дека начелно мора да се прифати онаков каков што е“, вели универзитетскиот професор Здравко Савески.

Податоците за делувањето на политичките партии покажуваат дека Рамковниот договор секогаш е на своевиден тест на патот на неговата имплементација. Секогаш има простор за негово подобрување и треба да се работи на тоа во демократски и толерантен дух. Ако една партија премногу критички настапува во однос на Рамковниот договор, тогаш очигледно е дека целта на партијата е добивање политички поени, додава Савески.

„Особено ова го кажувам бидејќи оние што се покритички настроени се партии кои тврдат дека интересите на нивниот народ се во прв план. Ако така се постапува на долг рок може само лошо да му донесат на својот народ и својата земја“, вели Савески.

„Имам впечаток дека не се доречени околу овој договор, како да морале да почитуваат некакви сугестии или биле под влијание на некакви очекувања“, додава Ибрахим Мехмети.

На денешен ден пред 11 години, во тогашната претседателска резиденција на Водно, Рамковниот договор го потпишаа тогашниот претседател на Република Македонија Борис Трајковски и тогашните претседатели на најголемите политички партии, ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДПА и ПДП. Потписници на договорот, во својство на гаранти, се и специјалните претставници на ЕУ и на САД.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG