Амбасадоре, македонската јавност е згрозена од убиствата во Смилковци. Во знак на револт дел од граѓаните одговорија со насилни протести. Колку е опасна ситуацијата во која се најдовме?
И самиот бев исто така згрозен од овие ужасни убиства и веќе силно ги осудив. Не мислам дека можеме да ја наречеме ситуацијата опасна, можеби напната би бил подобриот збор, со повисок степен на тензичност во областа каде што живееја жртвите на ова грозоморно убиство. Што се однесува до протестите, правото на протест е важно демократско изразување, но тоа не треба да се злоупотреби за провокативни и насилни акции како што видовме неодамна во Скопје. Тоа би ја попречило полицијата во нејзината истрага и непотребно би ги зголемило тензиите. Токму затоа, заедно со моите колеги од Европската унија, САД и НАТО упативме апел до сите граѓани да останат смирени, да се воздржат од шпекулации и непотврдени информации и да покажат трпение се додека трае истрагата за случајот.
Дали Вие се чувствувате безбедно тука?
Да, се чувствувам безбеден и отсекогаш тука сум се чувствувал безбедно. Тоа е резултат на тоа што последното ужасно злосторство што се случи е многу редок случај тука и тоа потврдува дека општата ситуација е сигурна и дека тука е добро место за да се живее и работи.
Каква е улогата на ОБСЕ во моменти кога е нарушена безбедноста на граѓаните?
Улогата на мисијата на ОБСЕ во Скопје секогаш била иста во изминатите 11 години, од конфликтот во 2001 година. Тоа е да ја набљудува безбедносната ситуација во земјава, да и се помогне на земјата во спроведувањето на Охридскиот рамковен договор и најважното да се најдат начини за подобрување на односите меѓу заедниците. Кога ситуацијата ќе стане потензична, како што е случајот сега, ние ги зголемуваме нашите набљудувачки активности, со цел да им помогнеме на властите кога им треба, но исто така да обезбедиме најобјективна и најточна слика за ситауцијата до претседателството на ОБСЕ, на секретаријатот во Виена и на 56-те земји членки на организацијата. Наша задача е да соработуваме со властите и со претставниците на државниот врв за да ја осигураме сигурноста и безбедноста која им е потребна на граѓаните.
Дали сте задоволни од тоа како институциите се справуваат со конкретниот случај?
Од нашиот редовен контакт со Министерството за внатрешни работи, можеме да кажеме дека знаеме колку напорно работи полицијата за да го реши овој случај. Министерката Јанкулоска ја информира јавноста секој ден откако се случи убиството и тоа е за поздравување. И акциите кои полицијата ги презеде за да ги спречи насилните протести беа исто така успешни, според нашите досегашни проценки.
Иако се уште не се конкретизирани мотивите за убиствата, се појавија шпекулации дека има поврзаност со меѓуетничките односи. Како да се спречи ризикот од ескалација на тензиите?
Најдоброто нешто што може да се направи е да им се дозволи на надлежните да продолжат со работата за да го решат случајот и да ги изведат сторителите пред лицето на правдата најбрзо што може. Колку што може да се зборува за тоа јавно и транспарентно, за да не се слушаат шпекулации. Но покрај властите, и политичарите, медиумите, граѓанското општество, креаторите на јавното мислење и сите жители како целина имаат клучна одговорност во помагањето да се пронајде вистината, да се оградат од непотребни шпекулации и да избегнуваат акции или изјави кои би можеле да ги зголемат тензиите.
Имате ли некакви сомнежи околу тоа кому му одговараат ваквите сценарија во земјава?
Тоа би било во сферата на шпекулациите и не би сакал тоа да го коментирам. Наместо тоа, силно ги охрабрувам сите граѓани да ја поддржат истрагата која е во тек за се најдат сторителите и тие да се соочат со правдата најбрзо што може.
Дали според вас интитуциите на власт се транспарентни во своето работење?
Ако мислите во однос на последниот случај, можеби не се толку транспарентни како што јавноста би сакала да бидат, но мислам дека се отворени толку колку што можат за да бидат сигурни дека тоа нема да ја компромитира истрагата која е во тек. Ако зборуваме за транспарентноста генерално, можам да кажам дека транспарентноста како демократска вредност е важна, но не и апсолутна. Што е основно во демократските општества? Тоа е властите да се доверливи, потоа процедурите да бидат транспарентни, но како што веќе реков во криминалните истраги мора да биде јасно и луѓето мора да разберат дека сите информации не можат да бидат достапни за јавноста веднаш. Во овој контекст неодамна имав интересен настан, потпишав меморандум за разбирање на слободниот пристап до јавните информации и тоа ме охрабри дека мисијата во Скопје продолжува да ја поддржува и промовира транспарентноста на државната администрација.
Дали последните случувања во земјава може да влијаат врз македонските евроинтеграции?
Тоа прашање би требало да го поставите на претставниците и амбасадорот на делегацијата на Европската унија во Скопје. Не би сакале да се мешаме во евроинтегративниот процес, иако го поддржуваме истиот. Како и многу области кои се клучни за овој процес, како и за процесот на стабилизацијата генерално, исто така спроведувањето на Охридскиот рамковен договор, слободата на медиумите, реформите на полицијата, владеењето на правото, изборните реформи и многу други.
За време на последната посета, високиот комесар за малцински прашања Кнут Волебек порача дека проблемот со меѓуетничките односи во земјава треба сериозно да се сфати и дека за да се најде поиздржливо решение, ќе треба време. Но со оглед на тоа што се на меѓуетнички план ни се случи периодов, се чини дека се неопходни итни мерки за смирување на страстите?
Според мене, најбрзиот и најдобар начин за смирување на тензиите е полицијата да ги најде сторителите на убиството и да ги доведе пред лицето на правдата. Но друга важна мерка е да стане јасно дека насилството и заплашувањата против кого било нема да се толерираат. Го споменавте високиот комесар за малцински прашања. Тој беше тука неколкупати, се согласувам со него дека меѓуетничките односи треба да се сфатат сериозно. Настаните што се случија од почетокот на годината го кажуваат тоа многу појасно и не можеме само да се преправаме дека тоа не се случило. Високиот комесар рече и тоа ќе го цитирам дека меѓуетничките односи и проблеми нема да исчезнат ако ги затвориме очите. Исто така се согласувам со него дека се потребни итни мерки од властите, но и од општеството во целина активно да се трага по одржливо решение кое ќе ги адресира причините на постоечките тензии меѓу заедниците и поделбите кои се се поизразени што според нас претставува еден алармантен тренд. ОБСЕ е веќе вклучен во овој процес, остануваме да ги поддржуваме таквите напори. Општеството како целина треба да биде вклучено во ова и не можам да се сетам на нешто поважно за иднината од ова.
Организацијата која ја претставувате работи на повеќе проекти во областа на владеењето на правото, образованието, реформите во полицијата итн. Каква е вашата оценката за соработката со институциите и како тие ги прифаќаат вашите сугестии и размислувања?
Да, соработката е долгорочна и многу добра. Најчесто нашите партнери ги прифаќаат проектите кои ние ги предлагаме, но секако има и случаи кога институциите кои се наши партнери сугерираат проекти, па ние ги прифаќаме нив.
Општиот впечаток на граѓанскиот сектор во земјава е дека човековите права не се почитуваат доволно. Кој е вашиот став за ова прашање?
Не би давал генерални квалификации. Секако и за нас човековите права се показател за демократското општество. Ние помагаме и ги охрабруваме институциите кои работат на ова поле и секако зборуваме со нив доколку забележиме дека има одредени недостатоци, гледано од наша страна.
Како ја перцепирате соработката меѓу локалната самоуправа и полицијата и колку е таа важна за подобрување на севкупната безбедност?
Секако тие и двата се важни актери на државата и најдобро е да работат заемно и да постои една атмосфера на доверба меѓу двете страни. Бидејќи на крајот, тие имаат исти цели.
Се уште ли мислите дека ни недостасуваат квалитени и соодветни законски решенија и може ли да се најде вистинскиот баланс меѓу квалитетот и кванититетот на законите?
Секако дека продуцирањето на закони само колку да ги има не е решение. Свесен сум дека оваа земја на патот кон Европската унија треба да донесе многу закони кои ќе бидат слични со легислативата на земјите членки, но секако квалитетот и постојаноста на тие закони, како и нивната соодветна примена и резултати е исто така многу важна и затоа мисијата и помага на земјата во создавањето на добри закони. Имаме правен сектор во кој работат правни експерти кои помагаат во процесот како да се интегрираат законите во јавноста, односно како да се состават добри закони.