Со помош на прирачник ќе се решаваат споровите во мултикултурните заедници. Превенцијата и нивното навремено решавање е секогаш покорисно од која било друга алтернатива, бидејќи некогаш навидум и малите спорови можe да доведат до сериозен конфликт, вели Весна Џутевска Бишева од УНДП. Но, и покрај тоа што постои согласност меѓу граѓаните и институциите што треба да се направи, не секогаш е познато како да се започне решавањето на спорот и кои се пристапите и ресурсите кои се достапни во заедницата.
„Затоа и го изработивме овој прирачник, за граѓаните, локалните власти и заинтересираните инститиции и организации да имаат појасен преглед и увид во сите механизми и методи на решавање на спорови коишто постојат кај нас и коишто можат да се активираат соодветно на ситуацијата или спорот во којшто се наоѓаат.“
Грегори Конор од УНДП вели дека споровите најчесто немаат мултиетничка позадина, тука се работи за меѓучовечки односи. Но, во мултикултурните заедници доколку спорот не се реши за брзо време, постои ризик тој да биде посматран низ призмата на различностите.
„Кога различностите ќе излезат на површина тогаш спорот оди на повисоко ниво во заедницата. Спорот станува покомплексен и во него ќе бидат инволвирани повеќе луѓе кои можеби не го поседуваат потребното знаење за изворот на проблемот. Тогаш, одлуката која ќе биде донесена може да влијае на различностите во заедницата.“
Професор Мирјана Најчевска од Институтот за социолошки и политичко правни истражувања вели дека она што сакале да го постигнат е споровите да бидат решени без забрана, поделба, учество на полиција или да треба да се направи политичка спогодба.
„Сакавме да обезбедиме разрешување на споровите на најниско можно ниво. Основна идеја водилка е да се обидеме да ги решиме споровите таму кадешто настанале, во средината во којашто настанале, меѓу директните учесници и со постојана вклученост на директните учесници.“
Прирачникот освен од УНДП, поддржан е и од ЗЕЛС, како и од Секретаријатот за спроведување на Охридскиот рамковен договор.
Кога различностите ќе излезат на површина тогаш спорот оди на повисоко ниво во заедницата. Спорот станува покомплексен и во него ќе бидат инволвирани повеќе луѓе кои можеби не го поседуваат потребното знаење за изворот на проблемот. Тогаш, одлуката која ќе биде донесена може да влијае на различностите во заедницата.Грегори Конор, УНДП
„Затоа и го изработивме овој прирачник, за граѓаните, локалните власти и заинтересираните инститиции и организации да имаат појасен преглед и увид во сите механизми и методи на решавање на спорови коишто постојат кај нас и коишто можат да се активираат соодветно на ситуацијата или спорот во којшто се наоѓаат.“
Грегори Конор од УНДП вели дека споровите најчесто немаат мултиетничка позадина, тука се работи за меѓучовечки односи. Но, во мултикултурните заедници доколку спорот не се реши за брзо време, постои ризик тој да биде посматран низ призмата на различностите.
„Кога различностите ќе излезат на површина тогаш спорот оди на повисоко ниво во заедницата. Спорот станува покомплексен и во него ќе бидат инволвирани повеќе луѓе кои можеби не го поседуваат потребното знаење за изворот на проблемот. Тогаш, одлуката која ќе биде донесена може да влијае на различностите во заедницата.“
Основна идеја водилка е да се обидеме да ги решиме споровите таму кадешто настанале, во средината во којашто настанале, меѓу директните учесници и со постојана вклученост на директните учесници.Мирјана Најчевска, универзитетски професор.