Кумановските советници од опозицијата, од власта и независните кои изминатите три години функционираа повеќе на другарска база, без оглед што се разидуваа во гласањето и ставовите, полека но сигурно го пресликаа амбиентот од Собранието. Високи тонови, иронија, упади и понекогаш и неконструктивни критики во вид на отровни стрели сè почесто се присутни на седниците. Се има впечаток дека безмалку сите сосема ја заборавија суштината, давајќи и предимство на формата, на политичкиот маркетинг. Тоа за среќа или не, електоратот нема услови да го види и да го слушне.
Финансиската служба во локалната самоуправа го претстави извештајот за реализација на општинскиот буџет во третото тримесечје.
„Приходната страна е реализирана 58, а расходната страна е 56 отсто. Приходната страна е од сопствени средства на општината и од трансферите од соодветни министерства, додека расходите се за тековното функционирање на општината и за подмирување на тековните обврски на јавните претпријатија“, вели Ирена Илиевска, раководител на секторот.
Таа додава дека капиталните расходи се однесуваат на изградба и реконструкција на инфраструктура, спортски објекти во училиштата и друго.
РСЕ: Кога вака зборувате, сето тоа изгледа идеално, но опозицијата реагира.
„Ова е она што е собрано како прилив и исплатено како трошок, а вториот образец е за доспевањето на обврските кои се на 30,60 и 90 дена. И не може да се прифати проценката на опозицијата дека не е реализирана програмата. Програмата е реализирана многу повеќе од она што е исплатено, а како одат тендерските постпаки, така ќе биде исплаќано.“
Од друга страна, пак, советникот Бобан Николовски од опозиционата коалиција на ВМРО-ДПМНЕ вели:
„Да се има реализирано само одредени проектчиња со кои градоначалникот пред избори се промовира како да гради булевари, а има асфалтирано сокачиња, каде што јасно стои дека реализација на нови улици е само 17 отсто. Едно е што се покажува на медиуми, а фактички е нешто сосема друго.“
Тој смета дека буџетот бил предимензиониран, изборно изготвен, а капиталните проекти ги нема никаде. Тие, според Николовски, се одложени за наредните години. Меѓутоа, кумановци немаат можност да бидат информирани за она што се случува во локалниот парламент, за што Николовски критикува.
„Ниту градоначалникот, ниту СДСМ не најдоа начин да имаме директен или интегрален пренос без монтирање на некоја од локалните телевизии. Ниту на градоначалникот, ниту на СДСМ не им одговара граѓаните да гледаат што сè се случува во Советот. Не им одговара граѓаните да видат кој ги застапува нивните интереси.“
Кога советниците ќе ги понесе стихијата и кога дел од нив ќе се соочат со најразлично, па и недолично однесување, информираноста на граѓаните останува само мртво слово на хартија. Така е и со развојната програма за наредната година, смета Николовски.
„Наведени се сите улици, улички, сокачиња, тоа им се презентира на граѓаните, а граѓаните може да се уверат кога ќе излезат да се прошетаат. Сите капитални проекти веќе не постојат во програмата, како што се, катната гаража, подземна сообраќајница, нова општинска зграда, санација на занаетчискиот дом, тоа е тргнато за некои други години, кога се надевам дека градоначалникот нема да биде на ова место на кое што е сега.“
Приходната страна е реализирана 58, а расходната страна е 56 отсто. Приходната страна е од сопствени средства на општината и од трансферите од соодветни министерства, додека расходите се за тековното функционирање на општината и за подмирување на тековните обврски на јавните претпријатија.Ирена Илиевска, раководител на секторот за финансии во општина Куманово.
Финансиската служба во локалната самоуправа го претстави извештајот за реализација на општинскиот буџет во третото тримесечје.
„Приходната страна е реализирана 58, а расходната страна е 56 отсто. Приходната страна е од сопствени средства на општината и од трансферите од соодветни министерства, додека расходите се за тековното функционирање на општината и за подмирување на тековните обврски на јавните претпријатија“, вели Ирена Илиевска, раководител на секторот.
Таа додава дека капиталните расходи се однесуваат на изградба и реконструкција на инфраструктура, спортски објекти во училиштата и друго.
РСЕ: Кога вака зборувате, сето тоа изгледа идеално, но опозицијата реагира.
Наведени се сите улици, улички, сокачиња, тоа им се презентира на граѓаните, а граѓаните може да се уверат кога ќе излезат да се прошетаат. Сите капитални проекти веќе не постојат во програмата, како што се, катната гаража, подземна сообраќајница, нова општинска зграда, санација на занаетчискиот дом, тоа е тргнато за некои други години, кога се надевам дека градоначалникот нема да биде на ова место на кое што е сега.Бобан Николовски, советник во општина Куманово од опозиционата коалиција на ВМРО-ДПМНЕ.