Кумановскиот општински Совет кој и покрај големата разноликот по политичко-партиската припадност на советниците во изминатиот период функционираше прилично компактно, последните два месеца се соочува со тектонски поместувања.
По исклучувањето на Виктор Цветковски од неговата партија СДСМ, инаку претседател на Советот, сега е актуелна и лустрацијата на советникот Бранко Цветков од ВМРО-ДПМНЕ. И додека Цветков за докажување на неговата невиност ќе бара судска разврска, Цветковски, пак, како што раскажува, се соочува со се уште не стивнатите страсти и притисоци како во политичката активност, така и на работното место како советник на директорот во локалното ЈП „Пазаришта“.
„Можеби за јавноста изгледа дека има затишје. Нема затишје во целата ситуација. Факт е дека обидите, деградацијата и политичкиот линч продолжи и понатаму, да се дисквалификува мојата личност и позицијата претседател на Советот, обидите да бидам сменет, што можеби е и легитимно. Но, тука не застанува, продолжува сето тоа и се сведува на една лична пресметка, што верувам дека зад ова не стојат политичките структури, туку поединци. Има притисоци на работните места, конкретно на моето работно место во претпријатието во кое работам, а кое е под капа на локалната самоуправа“, вели Цветковски и појаснува:
„Имавме дури обид и за промена на систематизацијата, каде што се оди до тој степен да мора да се деградира претседателот на Советот вработен во ЈП „Пазаришта“ и да му се земе и канцеларијата. Во сите овие обиди се оди до таму личноста Виктор Цветковски да се деградира до максимум. Во тоа не успеаа, Управниот одбор на претпријатието немаше разбирање за налогодавачите на ваквите барања, така со соодносот три према еден не помина. Но, подготвен сум, легитимно, институционално да се борам за својот углед, затоа што политичките одлуки и моето изјаснување во Советот, дури тоа е и законски децидирано не треба да биде причина за било каков атак на било кој. Сепак, продолжуваме со политичката битка во Советот.“
За лустрацијата на советникот Цветков од ВМРО-ДПМНЕ,
Цветковски со свое видување:
„Тоа е одраз на тоа што некој политиката ја сфаќа дека нема граница во обидите некои личности да се дискредитираат. Мислам дека тоа нема да ја наруши сликата за работата на овој Совет кој со сите одлуки и работата покажа дека има еден висок политички капацитет, како и капацитетот на личностите во Советот, кои некому очигледно му пречат. Тоа се реакции на некои повисоки политички структури.“
РСЕ: Што со советникот Цветков?
„Останува советник се до правосилноста на одлуката на Управниот суд.“
РСЕ: Каква е политичката клима, амбиентот во Куманово?
„Амбиентот е предизборен, очигледно. Од една страна веќе има исфрлен кандидат, актуелниот градоначаник и во градот почнува негов предизборен настап. Од друга страна има опозиција од внатре која атакува на кандидатот со свои видувања, а има и трети кои не се согласуваат со ваквиот начин, кои на мое задоволство тие структури се повеќе добиваат поддршка од граѓаните. Не исклучиво да се водиме од политичките, партиските интереси, но интересот на граѓаните да ни биде оној патоказ кој ќе го следиме и ме радува тоа. Ме радува и што лично ја почувствував поддршката за сите оние одлуки кои ги донесовме во Советот на последната седница и тоа е единствено што ќе ме води заедно со привразниците. “
РСЕ: Ќе се кандидирате ли за градоначалник?
„Не размислувам за тоа, битно е да го завршиме овој мандат како што го почнавме пред се за интересите на граѓаните“, вели Виктор Цветковски претседател на општинскиот Совет во Куманово.
Можеби за јавноста изгледа дека има затишје. Нема затишје во целата ситуација. Факт е дека обидите деградацијата и политичкиот линч продолжи и понатаму, да се дисквалификува мојата личност и позицијата претседател на Советот, обидите да бидам сменет, што можеби е и легитимно. Но, тука не застанува, продолжува сето тоа и се сведува на една лична пресметка, што верувам дека зад ова не стојат политичките структури, туку поединци.Виктор Цветковски, претседател на општински Совет Куманово.
По исклучувањето на Виктор Цветковски од неговата партија СДСМ, инаку претседател на Советот, сега е актуелна и лустрацијата на советникот Бранко Цветков од ВМРО-ДПМНЕ. И додека Цветков за докажување на неговата невиност ќе бара судска разврска, Цветковски, пак, како што раскажува, се соочува со се уште не стивнатите страсти и притисоци како во политичката активност, така и на работното место како советник на директорот во локалното ЈП „Пазаришта“.
„Можеби за јавноста изгледа дека има затишје. Нема затишје во целата ситуација. Факт е дека обидите, деградацијата и политичкиот линч продолжи и понатаму, да се дисквалификува мојата личност и позицијата претседател на Советот, обидите да бидам сменет, што можеби е и легитимно. Но, тука не застанува, продолжува сето тоа и се сведува на една лична пресметка, што верувам дека зад ова не стојат политичките структури, туку поединци. Има притисоци на работните места, конкретно на моето работно место во претпријатието во кое работам, а кое е под капа на локалната самоуправа“, вели Цветковски и појаснува:
Амбиентот е предизборен, очигледно. Од една страна веќе има исфрлен кандидат, актуелниот градоначаник и во градот почнува негов предизборен настап. Од друга страна има опозиција од внатре која атакува на кандидатот со свои видувања, а има и трети кои не се согласуваат со ваквиот начин, кои на мое задоволство тие структури се повеќе добиваат поддршка од граѓаните.Виктор Цветковски, претседател на општински Совет Куманово.