Достапни линкови

Дамјановски задоволен од сработеното, советниците поделени


Зоран Дамјановски, градоначалник на Куманово.
Зоран Дамјановски, градоначалник на Куманово.

Советниците од ВМРО-ДПМНЕ ја критикуваат работата на градоначалникот Зоран Дамјановски, дел од советниците од неговата парија и коалиционите партнери на СДСМ во кулоарите го критикуваат, а јавно изјавуваат дека се задоволни од неговата работа.

Во кумановскиот општински Совет расправите помеѓу советниците од позициониот и опозициониот блок на високите температури и поради сеопштиот политички амбиент, се чини се повеќе се вжештуваат.
Воопшто не сме задоволни од работата на градоначалникот, ако се земат предвид неговите ветувања што ги даде во предизборната кампања.Конкретно од нереализираните капитални инвестиции. Ветуваше општинска зграда и многу други проекти битни за граѓаните
Бране Петрушевски, ВМРО-ДПМНЕ, Куманово.

И додека некои од советниците од локалната опозициона коалиција на ВМРО-ДПМНЕ ја критикуваат работата на градоначалникот Зоран Дамјановски, кој претендира да го освои и третиот мандат, дел од советниците од неговата парија и коалиционите партнери на СДСМ во кулоарите го критикуваат, а јавно изјавуваат дека се задоволни од неговата работа.
Совет на општина Куманово.
Совет на општина Куманово.

Слично е мислењето и на советниците од политичките партии на Албанците. Дамјановски, пак, смета дека голем број од зацртаните проекти успешно се реализирани, за што во секое време може да поднесе отчет. Тој не го крие незадоволството од односот на централната власт кон оваа локална самоуправа.

РСЕ: Дали сте задоволни од работата на градоначалникот?

„Воопшто не сме задоволни од работата на градоначалникот, ако се земат предвид неговите ветувања што ги даде во предизборната кампања.“
Апсолутно не. Многу работи требаше да се направат во градот, особено таму каде што живеат претежно Албанци. Ветувано е многу и сега се ветува за претстојните локални избори,се бараат гласови, но во суштина ништо не е направено.
Халил Куртиши, ДПА.

РСЕ: Конкретно од што?

„Конкретно од нереализираните капитални инвестиции. Ветуваше општинска зграда и многу други проекти битни за граѓаните“, вели Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ.

Не е задоволен ниту советникот Халил Куртиши од ДПА.

„Апсолутно не. Многу работи требаше да се направат во градот, особено таму каде што живеат претежно Албанци. Ветувано е многу и сега се ветува за претстојните локални избори,се бараат гласови, но во суштина ништо не е направено.“
Граѓани на Куманово.
Граѓани на Куманово.

Максим Димитриевски од СДСМ вели дека во изминатите три години најважни се оценките кои ги даваат граѓаните.
Дадов визија и за изминатите четири години во кои правци капитални и стратешки ќе се движи Куманово и тековно одржување и комунална инфраструктура. Од сработеното сум делумно задоволен бидејќи имавме кочница во однос на процесот на фискаланата децентрализација, бидејќи немаме доволно средства и можност ни за кредитни задолжувања поради Законот за јавен долг кој не дава автономија на локалната самоуправа да ја креира фискалната политика.
Зоран Дамјановски, градоначалник на Куманово.

„Во дел на работите и заложбите, во делот на капиталните проекти постои задоволство, а одредено незадоволството е во делот на дореализирање на започнатите проекти кои се во тек. Со поголема динамика да се завршат започнатите капитални проекти. Како Совет дадовме максимална поддршка на сите проекти предложени од градоначалникот и локалната администрација, а реализиацијата ќе покаже дали оправданоста за тие идеи била исправна.“

Градоначалникот Дамјановски вели дека програмата и отчетот за сработеното се дадени пред неговата партија и пред граѓаните.

„Дадов визија и за изминатите четири години во кои правци капитални и стратешки ќе се движи Куманово и тековно одржување и комунална инфраструктура. Од сработеното сум делумно задоволен бидејќи имавме кочница во однос на процесот на фискаланата децентрализација, бидејќи немаме доволно средства и можност ни за кредитни задолжувања поради Законот за јавен долг кој не дава автономија на локалната самоуправа да ја креира фискалната политика.“

Еден голем баланс на локалната самоуправа е диригираната надлежност од образованието и градската поддршка со наменски дотации од образование која не е адекватна, не е навремена и е скусена. На тој начин Дамјановски вели дека изворните приходи на граѓаните за решевање на инфрастуктурните проблеми и некои други важни за граѓаните се пренаменуваат за она што е надлежност на државата.

„Значи тековното одржување на училиштата, енергетиката, транспортот и сето она што е организирање на образовниот циклус. Новиот предлог Закон за образованието пак уште повеќе ќе ги скуси наменските дотации. На некој начин ќе ги обврзе општините од изворните приходи на граѓаните да ги троши за образованието. Децентрализаицјата е во ќорсокак, особено фискалната, што е кршење на еден од главните демократски столбови во РМ.“

За работата на Советот Дамјановски вели дека во наредниот период од неколку месеци не очекува големи позиционо-опозициони турбуленции и додава:

„Можеби има индивудални различни ставови, но мислам дека тоа нема да се одрази негативно на работата на Советот.“
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG