Достапни линкови

Или во Авганистан или во Биро за вработување во Куманово


Куманово.
Куманово.

Голема невработеност во Куманово. Луѓето си го бараат чарето во Авганистан или работат на црно.

Иако неофицијално во Куманово се манипулира со бројка од околу 30 илјади невработени и дека таа последните години е во тренд на опаѓање, фактичката состојба се чини е сосема поинаква. Особено ако се земе предвид тоа што околу девет илјади кумановци се на печалба во Авганистан, или во некои други земји, а се регистрирани како невработени, но и вработените на црно со ист таков статус, како и оние кои се невработени, а не се евидентираат во Агенцијата за вработување, не е тешко да се претпостави дека во Општината со над сто илјади жители секој втор работоспособен кумановец е невработен.
Трета година како се пријавувам. Јас сум работела 26 години и не пратија технолошки вишок. И сега се пријавувам, ама тешко да се вработам.
Анкетирана граѓанка во Бирото за вработување.

Официјалната бројка во Агенцијата за вработување не можевме да ја добиеме затоа што раководителот е на годишен одмор, а неговата заменичка, како што ни рече, не може да дава информации, а и не ја знае шифрата за да ги види податоците за невработеноста.
Протест на стечајци во Куманово во 2010 година.
Протест на стечајци во Куманово во 2010 година.

Тешко и тоа што се вработени без пари работат. Еве, мојот сопруг од јануари досега денар нема земено од приватна фирма.
Анкетирана граѓанка во Бирото за вработување.
Во ходниците на Агенцијата бројот на невработените кои се пријавуваат со надеж дека можеби некогаш ќе бидат вработени од време на време се сменува. Малкумина се расположени за разговор. Дури не сакаат да коментираат ниту за театарската завеса поставена пред влезот на ходникот во кој се работните простории на раководителот и на некои од советниците. Кумановци одмавнуваат со рака, слегнуваат со раменици, некои се насмевнуваат, а некои само тивко ќе прошепотат дека во државните институции веќе се е можно.

А за тоа колку време се пријавуваат во популарно нареченото Биро за вработување и дали очекуваат вработување неколкумина кумановци велат:

„Една година се пријавувам.“

„Трета година како се пријавувам. Јас сум работела 26 години и не пратија технолошки вишок. И сега се пријавувам, ама тешко да се вработам.“

РСЕ: Очекувате ли дека ќе бидете вработени?

„Не, каде ќе се вработам!“

РСЕ: Зошто се пријавувате?

„И ние не знаеме!“

„Бадијала се пријавувам веќе 30 години. Нема работа, а 55 години имам.“

РСЕ: Како во Куманово ќе се надмине проблемот со невработеноста?

„Никако, нема никакви услови.“

РСЕ: Што мислите за вработување на младите?

„Тешко и тоа што се вработени без пари работат. Еве, мојот сопруг од јануари досега денар нема земено од приватна фирма.“

Од високите температури, од безизлезот, од сиромаштијата, кумановци сè повеќе се замислени како да го поминат денот, а сè помалку сакаат да зборуваат за тоа.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG