Безмалку една деценија како Куманово е печалбарски град, до сега освен што парите ги вложуваа во станбени и по некој трговски објект и скапи автомобили малкумина или воопшто никој не се зафати со сопствен бизнис во родниот град.
Печалбарството во Ирак, Авганистан, Италија или во некоја друга земја, стана атрактивно не само поради големата заработувачка таму, туку и поради големата невработеност и сиромаштијата дома. Од нивните пари најголеми профитери се градежните фирми. И покрај тоа точната бројка на печалбарите е непозната, ниту пак постои некаква статистика.
Неодамна Центарот за економска анализа извршил истражување кое би можело да биде водич во изнаоѓање начини како печалбарските пари да се мултиплицираат дома.
Зоран Павловски од Секторот за локална економија вели дека уште во 2006-та година во стратегијата за одржлив развој еден од приоритетите било како да им се помогне на овие луѓе да се вратат и да ги оставаат парите во својот град.
„Многу повеќе треба да се анализира колку тие се способни за менаџерски и претприемнички вештини и што може локалната самоуправа и другите институции да направат. Или пак, готови проекти да им се понудат, на пример место за инвестирање, приватно јавно партнерство, како и кој е тој што ќе го следи тој развој.“
Павловски вели дека следниот чекор би бил да се разговара со нив, да се види кои се нивните реални потреби.
РСЕ: Некои од нив се обидуваа и се соочија со гломазна администрација или пак неуспешен бизнис и пак се вратија назад!
„Она што локалната самоуправа треба да направи е да понуди добар амбиент, но не и да бидат фаворизирани.“
Печалбарите пак навикнати на најмалку три илјади американски долари месечна плата, тешко би прифатиле да работат во Куманово за мали, нередовни или пак неисплатени плати. Павловски вели дека според анализата околу 60 насто од анкетираните се подготвени да работат за 300 евра, но прашање е како тие самостално да водат бизнис.
РСЕ:Имаат ли доверба тие луѓе во локалната самоуправа и во стратегијата на државата во овој момент?
„Анализата покажа дека најголем дел немаат доверба.“
Граѓаните пак велат дека печалбарите одат таму затоа што немаат никакви познавања од бизнисот.
„Тие купуваат стан, знаат да отворат бутик,..., треба да се обучат пред да заминат, зашто тогаш се формира мислата, идејата и целта, а кога ќе отидат веќе ја имаат зацртано целта која си ја исполнуваат.“
„Не вложуваат, најверојатно затоа што во прашање е храброста. Ризик е бизнисот, па и недоволна запознаеност со администрацијата и неисплатливо е да ризикуваат. “
„Немаат доверба, бидејки во Куманово се случуваат циркуси со „турбо фолк“ фирми, тие што се за еднодневна употреба за перење пари. Тие си отвараат фирми по Дубаи и на други места, за интернет, мобилна телефонија. Градоначалникот треба да ги повика и да разговара со нив, зашто сигурно милијарда долари влегле само во Куманово, бидејки има луѓе кои и по десет години се таму. Жално е тоа, но пред да отидат таму градот беше мртов. А од турбо градење станови сега и тие веќе станаа вишок, не знаат што со нив да прават“, велат кумановци.
Печалбарите пак си ја знаат својата мака, иако секој од нив вели дека сака да работи дома, по завршување на одморот повторно си го пакува куферот. Неизвесно е до кога за оние кои со години се таму, а уште помалку за младите кои секојдневно заминуваат.
Многу повеќе треба да се анализира колку тие се способни за менаџерски и претприемнички вештини и што може локалната самоуправа и другите институции да направат. Или пак, готови проекти да им се понудат, на пример место за инвестирање, приватно јавно партнерство, како и кој е тој што ќе го следи тој развој.Зоран Павловски, Сектор за локална економија.
Печалбарството во Ирак, Авганистан, Италија или во некоја друга земја, стана атрактивно не само поради големата заработувачка таму, туку и поради големата невработеност и сиромаштијата дома. Од нивните пари најголеми профитери се градежните фирми. И покрај тоа точната бројка на печалбарите е непозната, ниту пак постои некаква статистика.
Неодамна Центарот за економска анализа извршил истражување кое би можело да биде водич во изнаоѓање начини како печалбарските пари да се мултиплицираат дома.
Зоран Павловски од Секторот за локална економија вели дека уште во 2006-та година во стратегијата за одржлив развој еден од приоритетите било како да им се помогне на овие луѓе да се вратат и да ги оставаат парите во својот град.
Не вложуваат, најверојатно затоа што во прашање е храброста. Ризик е бизнисот, па и недоволна запознаеност со администрацијата и неисплатливо е да ризикуваат.Анкетиран граѓанин.
„Многу повеќе треба да се анализира колку тие се способни за менаџерски и претприемнички вештини и што може локалната самоуправа и другите институции да направат. Или пак, готови проекти да им се понудат, на пример место за инвестирање, приватно јавно партнерство, како и кој е тој што ќе го следи тој развој.“
Павловски вели дека следниот чекор би бил да се разговара со нив, да се види кои се нивните реални потреби.
РСЕ: Некои од нив се обидуваа и се соочија со гломазна администрација или пак неуспешен бизнис и пак се вратија назад!
„Она што локалната самоуправа треба да направи е да понуди добар амбиент, но не и да бидат фаворизирани.“
Градоначалникот треба да ги повика и да разговара со нив, зашто сигурно милијарда долари влегле само во Куманово, бидејки има луѓе кои и по десет години се таму. Жално е тоа, но пред да отидат таму градот беше мртов. А од турбо градење станови сега и тие веќе станаа вишок, не знаат што со нив да прават.Анкетиран граѓанин.