Бројните печалбари од општините Маврово – Ростуше, Дебар и Центар Жупа во Република Италија се организирани во три здруженија, преку кои се координираат активностите на печалбарите со тамошните локални власти, но и се пренесуваат барањата за решавање на одредени проеблеми до македонските дипломатски претставништва во Италија. Најголемиот број печалбари од општина Маврово-Ростуше се членови на здружението „Антеас - Река Радика“ со седиште во Белуно, во областа Венето во северна Италија. Според ова здружение кое е едно од најактивните здруженија на македонските печалбари во Италија, во
„За жал економската криза се чуствува наголемо. Особено неа ја чуствуваат оние кои работат во градежништвото. Таа криза сеуште е актуелна и се оди на полошо.“
северниот дел на оваа земја има над 120 илјади печалбари од Македонија, а само од најзападните општини над 40 илјади.
Претседателот на здружението, Вердија Елези, од долнореканското село Жировница, вели дека печалбарите продолжуваат да се соочуваат со економската криза.
„За жал економската криза се чуствува на големо. Особено неа ја чуствуваат оние кои работат во градежништвото. Таа криза се уште е актуелна и се оди на полошо“, вели Елези.
Според податоците на нашите здруженија, во Италија „Антеас - река Радика“, но и другите две здруженија „Мост“ и „Балкан“, неколку стотини членови на печалбарите дојдоа оваа лето во родниот крај каде ќе останат се додека не се подобри економската состојба на нивните најблиски, печалбари во Италија. Но, нашите печалбари, според здруженијата, не се соочуваат само со економските проблеми, туку имаат и други проблеми.
Центар Жупа
„Проблемите се бројни, но сметам дека најбитни се оние кои се поврзани со немањето на можност нашите деца да го изучуваат македонскиот јазик, особено оние кои се родени во Италија или, пак, како мали дошле со своите роднини во Италија. Ние имаме доставено повеќе барања до нашето министерство за образование, но до сега немаме одговор. Потоа проблем имаме и со новите македонски возачки дозволи. Тие не се признаваат од италијанските власти. На печалбарите им се одземаат возачките, и се казнуваат. Овој проблем го немавме со старите македонски возачки дозволи. Во италијанскиот Автомото сојуз ни рекоа дека македонските власти не ја имаат информирано Италија официјално за новите возачки“, истакна претседателот на здружението „Антеас-река Радика.“
На состаноците што редовно ги одржуваат со членовите, здруженијата потенцираат дека задоволителен број на печалбари, особено оние кои се подолг период на печалба имаат економска моќ да инвестираат во родниот крај. Желба има велат тие, но сепак пробелемите во инфраструктурата кои се присутни во родниот крај создаваат песимизам.
„Ние сакаме да инвестираме во нашиот роден крај. Но, како да се инвестира кога има голем проблем со патната инфраструктура. Еден камион и едно возило на патот Дебар-Маврово, треба да подзапрат па да минат.“
Со претставниците на здруженијата на печалбарите разговаравме деновиве, бидејќи тие се во својот роден крај. Ова лето, над 6.000 печалбари и членови на нивните семејства престојуваат во родниот крај каде ги минуваат нивните летни одмори. Но, тие овде ќе бидат до крајот на август кога започнува и нивното враќање во Тренто, Белуно, Болцано, Венеција, Местре и други градови во северна Италија каде што работат.

Проблемите се бројни, но сметам дека најбитни се оние кои се поврзани со немањето на можност нашите деца да го изучуваат македонскиот јазик, особено оние кои се родени во Италија или, пак, како мали дошле со своите роднини во Италија.