Беким Асани, активист и еден од основачите на ЛГБТ Јунајтед, за младинската он-лајн колумна на Радио Слободна Европа напиша текст со наслов: „Дали министерот знае како е да си поинаков?“, текст што предизвика вистинска поплава од ваши коментари, почитувани.
Пред да наведем некои од нив, дозволете еден впечаток, па сфатете го и како личен: се чини од темата зависи и сериозноста на коментарите и начинот на изразување на учесниците во една ваква он-лајн трибина. На пример, текстовите за политички теми речиси секогаш содржат непримерен речник, навреди по партиска линија и пишувачите на пораките како да не се снебиваат да го допрат и дното на меѓучовечката комуникација. Значи, ретко толку зрела и културна дебата на веб-страницата на нашево радио.
Впрочем, и Валентин од Ресен и слушател потпишан со „Мене од Холандија“ велат: „Браво за авторот!“. Работата е едноставна за да се сфати - додава Мене - „но тие немаат ниту слух, ниту вид, а ниту разум за да ги разберат овие зборови“.
Ива Зафировска од Скопје објаснува дека таа нема ништо против хомосексуалците, ама е против нивните бракови, зашто, според неа, во многу земји, па и во Македонија, тоа не можело да се прифати како нормално и не било нормално, и дека дете во таков брак ќе било исфрлено од своето опкружување и навредувано од врсниците.
Мацка од Скопје ги повикува луѓето да си ја гледаат работата, да си го живеат животот и да ги остават граѓаните да си ги бараат своите права од власта и се чуди зошто на народот му пречи тоа. Андреј, исто така од Скопје им забележува на некои пишувачи на коментари дека водат, како што вели, разговор во својата глава, што не соодветствува со прашањата и ставовите изнесени во текстот на Асани.
Слушател потпишан со „Ден-от“ порачува дека не е битно кој го одгледува детето, туку тоа да биде воспитано на светски вредности како што се љубовта, милоста, хуманоста, сочувствувањето.
Можеби највпечатлив е коментарот на Зора од Прилеп која вели дека поинакви нè прават нашите избори - некој избира да гази сè пред себе за швалерката да има 5 бунди, некој има образ, иако нема бунда... Живеј си, момче, живеј! - му порачува Зора на Асани и му препорачува да не им дава отчет на сите за својот начин на живеење.
Абе што се замарате луѓе, со тоа кој што е и како е, живејте си свој живот и средете си го за да ви биде вам убаво, што туку коментирате кога не сте доволно информирани, оставете ги луѓето нека си ги бараат своите права, што ви смета во тоа не знам.Коментар од читател.