Достапни линкови

Законот за бранители го „запали“ собранието


Пратеникот Зијаден Села од Демократската партија на Албанците за време на собраниска дебата за Законот за бранители.
Пратеникот Зијаден Села од Демократската партија на Албанците за време на собраниска дебата за Законот за бранители.

Ќе ви покажам како се блокира законот за бранители кога ќе стигнеме до последниот амандман, ќе го запалиме Парламентот, рече пратеникот на ДПА Зијадин Села.

Ќе ви кажам јас како се блокира овој закон. Ќе ви покажам кога ќе стигнеме до последниот амандман, ќе видите кога ќе ја земеме оваа говорница, овие микрофони и овој Парламент ќе го запалиме, рече пратеникот на ДПА Зијадин Села откако во комисијата за труд и социјална политика беа изгласани ограничувањата на обраќањата и процедуралните забелешки.
Ќе ви кажам јас како се блокира овој закон. Ќе ви покажам кога ќе стигнеме до последниот амандман, ќе видите кога ќе ја земеме оваа говорница, овие микрофони и овој Парламент ќе го запалиме.
Зијадин Села, ДПА.


Преку долга процедурална забелешка на почетокот на комисијата, координаторот на ДУИ, Талат Џафери се обиде да го оддолговлечи и спречи гласањето на предлогот на Веле Георгиевски од ВМРО-ДПМНЕ.
Положени цвеќиња на споменикот на загинатите бранители во 2001.
Положени цвеќиња на споменикот на загинатите бранители во 2001.

„Не може да се стави на гласање едно прашање за кое и вие сте повеќе од убедени дека е спорно.“

По паузата која ја побара Џафери, претседателката Цветанка Иванова рече дека нема да дозволи да биде инволвирана во обидот за повторна блокада на работата на ова тело, по што предлогот беше ставен на гласање.

„Нема да дозволам комисијата да биде инволвирана во ваква договорена блокада, особено нема да дозволам со различно читање на деловникот да се бара вината таму каде што не е, а тоа е во претседателот на комисијата“, рече Иванова.
Нема да дозволам комисијата да биде инволвирана во ваква договорена блокада, особено нема да дозволам со различно читање на деловникот да се бара вината таму каде што не е, а тоа е во претседателот на комисијата.
Цветанка Иванова, претседател на собраниската Комисија за труд и социјална политика од СДСМ.

По ова, пратениците на ДУИ се обидоа да ја блокираат работата на комисијата, овојпат преку долги процедурални забелешки. Пратеничката Ермира Мехмети Деваја изјави дека одлуката била еднострана, обвини дека се гласало етнички и се почитувала волјата само на една страна.

„Кој и да е што ги гледа овие прашања како прашања на минутажа, има погрешен пристап. Тука всушност почнува суспензијата на демократијата.“

Незадоволство од изгласаната одлука покажаа и пратениците на Демократската партија на Албанците. Пратеникот Орхан Ибраими рече дека донесената одлука значела непочитување на Уставот и деловникот за работа, но ги нападна и колегите од ДУИ за лажен патриотизам кој нема за цел да ги штити националните интереси на Албанците.

„Правото на говорот и изразувањето не не е узурпирано само сега. Оваа влада има затворено медиуми, а сега доаѓаме до констатација дека ни се одзема правото, затоа што ние правиме театар.“

Изгласаното и ограниченото времетраењето на процедуралните забелешки се резултат на обидите на пратениците од ДУИ и од ДПА преку нив да имаат подолги обраќања поврзани не само со темата на седницата.

Претседателката Иванова ја прекина седицата се додека собраниските служби не ги преведат предложените амандмани на ДУИ на албански јазик.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG