Законот за бранители ќе се најде пред пратениците на 29 октомври, но по сè изгледа, поради отворени прашања меѓу коалициските партнери, неговото донесување ќе се забави, а некои од теориите велат дека е можно и блокирање на амандманската расправа. Интегративците најавуваат дека ќе поднесат голем број амандмани, а во ВМРО-ДПМНЕ денеска само кусо искоментираа дека се надеваат дека разумот ќе преовлада.
За изгласување ќе треба поддршка од мнозинство пратеници присутни на седницата. СДСМ повторија дека го поддржуваат законот, меѓутоа во текот на расправата ќе решат што понатаму. Ова ќе значи дека ДУИ нема да имаат деловничка можност да го оневозможат гласањето, но сепак сите очи ќе бидат свртени кон тоа дали расправата во Собранието ќе донесе пробив во односите меѓу ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ.
Потпретседателот на СДСМ Зоран Заев, имајќи предвид дека интегративците најавуваат амандмани, остава можност да дојде до блокирање на амандманската расправа, меѓутоа нагласува дека во тој случај одговорноста ја има владата.
„Дефинитивно ќе застанат процеси на донесување на други закони во државата. Ние сме опозиција во македонскиот парламент, одговорноста за евентуално блокирање на собраниските процедури е дефинитивно на парламентарното мнозинство.“
Вчера во ДУИ имаа централно претседателство, меѓутоа одлучиле воопшто да не разговараат ниту за Законот за бранителите, ниту за можноста од евентуални предвремени избори. Пред неколку денови, по одлуката на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ да го повлече од процедура во редовната постапка предлог законот за бранители, од таа партија рекоа дека не се изненадени, меѓутоа ова го претставија како нивна политичка победа. Ермира Мехмети Деваја тогаш посочи дека се подготвени на секое сценарио да одговорат со свој одговор, бидејќи планираат, како што вели, да го истуркаат овој предизвик докрај.
„Станува збор за институционален одговор на институционална иницијатива. Повеќе од извесно е дека ќе има амандманска интервенција“, вели Мехмети Деваја.
Во јавноста се чека да се види дали евентуално припадниците на некогашната ОНА ќе бидат вклучени во законот за бранители. Достоинство за претходно најави дека во тој случај тие нема да го поддржат тој закон. Пратениците од опозициските редови коментираат, дека не може да разберат, како коалициските партнери кои се заедно во влада, да не можат да се договорат или така крајно да се спротистават на еден проект, и претпоставуваат дека и ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ тука профитираат политички. Тоа е една игра кој започна и од која не се откажуваат сметаат некои пратеници од опозицијата за кои сето ова значи влез во предвремени избори, додека за други само параван законот да не се донесе.
„Оваа ситуација во потполност им одговара во потполност и на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ. Не верувам дека тоа е најава за предвремени избори. Ако вие подготвите и внесете 5.000 амандмани во собраниска процедура, тоа значи дека за цел еден мандат оваа ситуација нема да може да се разреши и тоа ќе биде статус кво кој им одговара и на едните и на другите и воопшто не верувам дека законот ќе се донесе“, коментира Соња Мираковска од НСДП.
Ние сме опозиција во македонскиот парламент, одговорноста за евентуално блокирање на собраниските процедури е дефинитивно на парламентарното мнозинство.Зоран Заев, потпретседател на СДСМ.
За изгласување ќе треба поддршка од мнозинство пратеници присутни на седницата. СДСМ повторија дека го поддржуваат законот, меѓутоа во текот на расправата ќе решат што понатаму. Ова ќе значи дека ДУИ нема да имаат деловничка можност да го оневозможат гласањето, но сепак сите очи ќе бидат свртени кон тоа дали расправата во Собранието ќе донесе пробив во односите меѓу ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ.
Станува збор за институционален одговор на институционална иницијатива. Повеќе од извесно е дека ќе има амандманска интервенција.Ермира Мехмети Деваја, ДУИ.
Потпретседателот на СДСМ Зоран Заев, имајќи предвид дека интегративците најавуваат амандмани, остава можност да дојде до блокирање на амандманската расправа, меѓутоа нагласува дека во тој случај одговорноста ја има владата.
„Дефинитивно ќе застанат процеси на донесување на други закони во државата. Ние сме опозиција во македонскиот парламент, одговорноста за евентуално блокирање на собраниските процедури е дефинитивно на парламентарното мнозинство.“
Ако вие подготвите и внесете 5.000 амандмани во собраниска процедура, тоа значи дека за цел еден мандат оваа ситуација нема да може да се разреши и тоа ќе биде статус кво кој им одговара и на едните и на другите и воопшто не верувам дека законот ќе се донесе.Соња Мираковска, НСДП.