Не постои временско ограничување за донесување на законот за бранители по скратена постапка, објаснуваат упатените во оваа област, откако Демократската Унија за интеграција ја искористи законската можност со доставување на 15.451 амандман да го блокира донесувањето на овој закон.
Поранешниот претседател на собранието, Стојан Андов претпоставува дека амандманската расправа за спорниот закон ќе трае долго време, оти како што објаснува, самото заведување на амандманите во протоколот по кој се води спикерот, ќе трае од прилика два месеца. Андов вели дека сите амандмани мора студиозно и внимателно да се прочитаат, а дури потоа ако се утврди дека некој од нив е неоснован, да се отфрли.
„Ако амандманот е лажен, односно ако има седум члена, а амандманот се однесува на деветиот, оти понекогаш и такви работи прават, е тогаш амандманот ќе отпадне. Во таа селекција ако има такви некои нелогичности, неоснованости, тие би отпаднала. Но, мислам дека ДУИ не работи така, нивните амандмани секогаш биле правилно поставени“, изјави Андов.
Големиот број на амандмани може да ја блокираат работата на Собранието, предупредува универзитетскиот професор Осман Кадриу. Според него намерата на ДУИ е да се добие на време и да се спречи донесувањето на овој закон.
„Како ќе се излезе од оваа ситуација е тешко да се предвиди. Треба да се постигне политички дијалог помеѓу партиите, потоа да се пристапи кон медиторното одлучување и решавање на спорните прашања околу донесувањето на законот“, вели Кадриу.
Иако нема институционални механизми како да се забрза постапката за донесување на овој закон пред да бидат разгледани сите амандмани, Андов вели дека тоа не мора да ја закочи работата на собранието. Постои можност претседателот на Собранието да ја прекине седницата и да стави на дневен ред друга точка.
„Ако се има волја за тоа, претседателството на Собранието и претседателот ќе ги известат пратениците дека закажуваат друга седница, по некои други точки и готово“, вели Андов.
Според Кадриу останува недоволно јасно кој е вистинскиот мотив за ваквото однесување на владејачкото мнозинство.
„Дали е за да се блокира парламентот, дали да се добие во време за да нема избори и за да може да останат на власт истите партии? Политичките мотиви може да бидат различни.“
Инаку законот за бранители ги регулира правата на припадниците на безбедносните сили на Македонија и на членовите на нивните семејства, а за такви се сметаат припадници на МВР, министерството за одбрана и резервниот состав.
Со доставувањето на големиот број амандмани, партијата на Ахмети ја оствари најавата дека ако со законот еднакви права со бранителите не добијат и припадниците на ОНА, ќе направи се тој да не се донесе.
Ако амандманот е лажен, односно ако има седум члена, а амандманот се однесува на деветиот, оти понекогаш и такви работи прават, е тогаш амандманот ќе отпадне. Во таа селекција ако има такви некои нелогичности, неоснованости, тие би отпаднала. Но, мислам дека ДУИ не работи така, нивните амандмани секогаш биле правилно поставени.Стојан Андов, поранешен претседател на Собранието на РМ.
Поранешниот претседател на собранието, Стојан Андов претпоставува дека амандманската расправа за спорниот закон ќе трае долго време, оти како што објаснува, самото заведување на амандманите во протоколот по кој се води спикерот, ќе трае од прилика два месеца. Андов вели дека сите амандмани мора студиозно и внимателно да се прочитаат, а дури потоа ако се утврди дека некој од нив е неоснован, да се отфрли.
„Ако амандманот е лажен, односно ако има седум члена, а амандманот се однесува на деветиот, оти понекогаш и такви работи прават, е тогаш амандманот ќе отпадне. Во таа селекција ако има такви некои нелогичности, неоснованости, тие би отпаднала. Но, мислам дека ДУИ не работи така, нивните амандмани секогаш биле правилно поставени“, изјави Андов.
Големиот број на амандмани може да ја блокираат работата на Собранието, предупредува универзитетскиот професор Осман Кадриу. Според него намерата на ДУИ е да се добие на време и да се спречи донесувањето на овој закон.
Како ќе се излезе од оваа ситуација е тешко да се предвиди. Треба да се постигне политички дијалог помеѓу партиите, потоа да се пристапи кон медиторното одлучување и решавање на спорните прашања околу донесувањето на законот.Осман Кадриу, универзитетски професор.