На секој протест - контрапротест, на секое здружение - контра здружение. Ваквата македонска реалност почна да се развива уште пред неколку години, а денеска станува секојдневие. Така, здружението АМАН доби конкурент во „Изгор приватизација“, а Независниот синдикат на лекарите на Клинички центар во нов синдикат кој е против прекин на работата во оваа установа која ја најави самостојниот синдикат.
„Според моето мислење и длабоко убедување и уверување, тие се поттикнати од одредени политички партии, на прво место можеби од политичките партии кои се на власт. Целата е да се прикрие фактички состојбата на правата, фактичката состојба што ја имаме во државата, и политичка и економска и меѓунационална и другите области и состојби“, изјави професор Осман Кадриу.
Дека зад формирањето и на паралелниот синдикат на Клинички центар стои власта претпоставува и претседателот на самостојниот синдикат на Клинички д-р Дејан Ставриќ.
„Тоа се нелегитимни процеси, насилни процеси, злоупотреба е на луѓе, затоа што конкретно за ова здружение кое е кај нас формирано во болницата, се повикани, односно на некој начин се условени голем дел на луѓе кои се вработени со договор за дело“, вели Ставриќ.
Тој дополнува и дека во веќе отпочнатите преговори меѓу синдикатот и Министерството не може накнадно да биде вклучен никаков новоформиран синдикат кој го нарекува фантомски, бидејќи во неговото формирање и избори не се, како што вели, запазени процедурите. Освен тоа, неговото формирање го смета за внесување ризик по отпочнатите преговори.
„На нас ни е во интерес мирнодопски да се решат проблемите, да се најде консензус со Министерството, меѓутоа ова што се случува не оди во тој прилог.“
Контра протести се појавија и пред две години кога здружението Плоштад Слобода го покажа својот став против изградбата на црква на плоштадот, протестот на стечајците доби итен контра одговор во граѓанското здружение „Жртви на транзицијата“. И ова се само дел од примерите. Се губи смислата на граѓанскиот сектор , а политичките партии сакаат да покажат дека не постои ништо надвор од нив. Граѓаните во целата приказна се само злоупотребени, вели професорот Илија Ацески.
„Сега луѓето, граѓаните од друга страна го чувствуваат тоа разочарување, тие веднаш рационализираат дека протестот е партиска пресметка и сметаат дека е џабе да го трошат своето време, џабе е сè, нема никаков ефект од сето тоа“, додава Ацески.
Според моето мислење и длабоко убедување и уверување, тие се поттикнати од одредени политички партии, на прво место можеби од политичките партии кои се на власт. Целата е да се прикрие фактички состојбата на правата, фактичката состојба што ја имаме во државата, и политичка и економска и меѓунационална и другите области и состојби.Осман Кадриу, универзитетски професор.
„Според моето мислење и длабоко убедување и уверување, тие се поттикнати од одредени политички партии, на прво место можеби од политичките партии кои се на власт. Целата е да се прикрие фактички состојбата на правата, фактичката состојба што ја имаме во државата, и политичка и економска и меѓунационална и другите области и состојби“, изјави професор Осман Кадриу.
Дека зад формирањето и на паралелниот синдикат на Клинички центар стои власта претпоставува и претседателот на самостојниот синдикат на Клинички д-р Дејан Ставриќ.
„Тоа се нелегитимни процеси, насилни процеси, злоупотреба е на луѓе, затоа што конкретно за ова здружение кое е кај нас формирано во болницата, се повикани, односно на некој начин се условени голем дел на луѓе кои се вработени со договор за дело“, вели Ставриќ.
Тоа се нелегитимни процеси, насилни процеси, злоупотреба е на луѓе, затоа што конкретно за ова здружение кое е кај нас формирано во болницата, се повикани, односно на некој начин се условени голем дел на луѓе кои се вработени со договор за дело.д-р Дејан Ставриќ, претседател на Независниот синдикат на Клинички центар.