Со фашистички поздрави со рака крената нагоре и извици „чиста Македонија“, стотина млади и малолетни луѓе протестираа пред Владата. Се оргaнизирале преку социјалните мрежи за да протестираат против ширење на радикалниот ислам во земјата. Денешниот протест беше контрапротест на оној од вчера на Албанците.
Демонстрантите беа со прикриени лица со маички, марами или со капи и не даваа новинарите да ги снимаат. Луѓето кои протестираа не носеа транспаренти, освен по некоe македонско знаме. Неколкуте возрасни кои беа присутни им забрануваа да даваат изјави. Сепак, пред протестот еден од демoнстрaнтите ни изјава:
„Како што тие што ги штитат убијците може да се организираат, може и ние да се организираме, зашто утре може да бидат наши деца, утре може и ние да бидеме, значи тоа беа млади луѓе.“
Освен револт кон новинарите, демонстранитите ги исвиркуваа и полицајците. Полицијата им го ограничи пристапот на новинарите, па тие мораа да снимаат од подалеку. Дел од оние кои дошле да протестираат не се доближија до владата останаа понастрана пред зградите наспроти владата. Не помогнаа и повиците „Соберете се Македонци“.
Како што тие што ги штитат убијците може да се организираат, може и ние да се организираме, зошто утре може да бидат наши деца, утре може и ние да бидеме, значи тоа беа млади луѓе.Демонстрант.