Достапни линкови

Само Слупчане интересно за коментирање


Можеби како резултат на одморите, неделава има помалку ваши коментари од вообичаено.

Судејќи според коментарите што сте ги испратиле почитувани, се чини дека ништо веќе не ве изненадува, ниту пак, реагирате на тоа со пораки. Да го толкуваме тоа можеби и како резултат на одморите, па сакате да се одморате и од интернетот.

Настанот или инцидентот, како што некои го нарекоа, во Слупчане, го испровоцирало само Миле од Охрид да напише поширок текст-коментар со порака до нашето радио да поставиме прашања до „нашите“ познати експерти, што Миле ги става во наводници и ги реди по имиња, а не да сме барале коментари од нив, во врска со потегот на министерот за одбрана, Бесими: на пример, што мислат за изјавата на американската амбасада, дали изјавата е темпирана пред посетата на Рикер кој, според Миле, доаѓа за да изврши притисок за името и така натаму.

Информацијата за прес-конференцијата на Владе Милчин во врска со неговиот наводен кодошлак, предизвикала главно ваши негативни коментари: Горан, на пример, го советува да поведе судска постапка и да го докаже спротивното, ако мисли дека е во право. Владо порачува, цитирам:„Кодошот нека им објасни на семејствата чии што членови ги кодошел, дали е кодош или не“. Александар смета дека било интересно зошто Милчин кренал толкава медиумска бучава и дека требало да знае дека медиумите и јавноста не се судии во една држава. Ако бара правда, пишува Александар, има каде да ја најде, ако бара шоу, дефинитивно нема сенс за тоа, смета нашиот слушател.

Во нашата младинска он-лајн колумна овојпат имаме текстови на две млади жени на интересни теми, кои, за чудо, не предизвикале ваши коментари. Студентката Македонка Макаровска пишува за „Јавните забавки“: „Жалните врби се садат триста пати, мостови се поправаат сто пати, Илинденска се копа секоја година... И не е забавно, туку навредливо, недомаќински и опасно... Јавните забавки се модерните игри без граници што државата ги подготви за забава на своите граѓани и досега успешно ги забавува, сите до еден“, пишува Макаровска.

Тамара Атанасоска, пак, својата колумна ја насловила: „Ручекот нема повеќе да загори“ а пропо укинувањето на евтината дневна тарифа и поскапувањето на струјата и малиот број граѓани што се појавија на минатонеделните протести во врска со тоа, па прашува: „Дали само ние, 1.000 граѓани од Скопје немаме пари да си ги платиме сметките или јас сум добила погрешен впечаток дека ова е проблем? Каде се сите кои се заглавени во кредити за да си ги платат секојденвните трошоци за каков-таков достоинствен живот“, прашува во својата колумна младата Атанасоска.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG