Кумановци кои живеат во колективни станбени објекти и на повисоките катови животниот простор во претстојната зима ќе го затоплуваат со електрична струја. Оние кои живеат во куќи, пак, велат дека, иако се затоплуваат со огревно дрво, и неговата цена не е многу поволна. Особено ако во семејствата има невработени, па сите живеат од мали пензии на родителите.
Најавеното поскапување на струјата за кумановци беше шок, но со текот на времето тие како да се помириле со фактот дека мора така да биде. Избор немаат, а кога ќе почнат сметките да им пристигнуваат веројатно уште повеќе ќе го стегаат ременот.
„На струја. Немам можност за друго затоа што кога би имал дрва немам каде да ги сместам. Кој е друг избор?! Се стегаме прилично и по три илјади денари во екот на најголемата зима.“
„На струја. Сметката од лани од шест илјади денари сега ќе биде 9 илјади. Тоа е тоа.“
„И да е скапо, јас живеам во стан на трети кат немам каде да ги чувам и кој ќе ги носи.
„Од две до две и пол илјади денари, сега три до три и пол илјади денари. И да е скапо, што е тука е.“
„ Скапи се како не, 2.900 денари. Шест метри купувам, а ако зимата биде студена како лани ќе купам 8 кубици.“
„Пензијата е 5 илјади денари, а кубикот е три илјади денари. А да јадеме? Нема. Тежок е животот. По 10 кубика да тераме мизерно, три фамилии на едно место. Тежок е животот, многу.“
„Слаба ми е пензијата, дрва не можеме да купиме, шпоретот е прогорен, треба нов да се купи.“
Претстојната зима кумановци ќе ја преживеат кој како ќе се снајде, а за идната некои се надеваат дека во градот ќе профункционира гасоводната мрежа, па проблемот со затоплувањето ќе го надминат со гасот.
Се стегаме прилично и по три илјади денари во екот на најголемата зима.Анкетиран граѓанин на Куманово.
Најавеното поскапување на струјата за кумановци беше шок, но со текот на времето тие како да се помириле со фактот дека мора така да биде. Избор немаат, а кога ќе почнат сметките да им пристигнуваат веројатно уште повеќе ќе го стегаат ременот.
„На струја. Немам можност за друго затоа што кога би имал дрва немам каде да ги сместам. Кој е друг избор?! Се стегаме прилично и по три илјади денари во екот на најголемата зима.“
„На струја. Сметката од лани од шест илјади денари сега ќе биде 9 илјади. Тоа е тоа.“
Пензијата е 5 илјади денари, а кубикот е три илјади денари. А да јадеме? Нема. Тежок е животот. По 10 кубика да тераме мизерно, три фамилии на едно место. Тежок е животот, многу.Анкетиран граѓанин на Куманово.