Комисијата за верификација на фактите откри уште еден соработник на тајните служби. Овој пат се работи за актуелен функционер, односно советник во општина надвор од Скопје. Комисијата на денешната седница воедно призна и дека документите кои досега беа објавени од контраразузнавачките служби не можат да бидат доказ дека некој бил кодош, вели нејзиниот член Чедомир Дамјановски. Според него, отсега ќе се објавуваат само документи со докази дека некој од идеолошки политички причини бил соработник на тајните служби.
„Значи, да не се објавуваат документи кои се од контраразузнавачки служби или се за соработници кои не биле од идеолошка природа затоа што со објавувањето на такви документи би го нарушувале безбедносниот систем на државата. Реков, дефинитивно прифатија дека тоа е грешка и успеавме да се договориме.“
Еден од лустрираните, режисерот Владимир Милчин, вели дека претседателот на комисијата Томе Аџиев бесправно и бескрупулозно ги спроведува барањата на власта, чија цел е да се искомпромитираат и замолчат оние кои јавно не се согласуваат со нив.
„Вистинската цел на оваа хајка, на овој линч, не е лустрација, туку компромитација. Компромитација на Владимир Милчин, затоа што тој му е трн во окото на овој режим. Томе Аџиев е тумор во нашето секојдневие, тој е грдото лице на овој режим. Тој е толку ревносен слуга што на човека да му се згади, тоа не смее да остане неказнето.“
Милчин најави постапка пред Управниот суд и кривична пријава против Аџиев, бидејќи документите кои се објавени против него не докажувале дека е соработник на тајните служби.
Аџиев, пак, вели дека има само еден глас во комисијата и не носи сам одлуки.
„Сите одлуки се донесени со мнозинство гласови како што е предвидено со законот и тука немам што да коментирам. Ако некој мене ме нашол да ме обвинува бидејќи јас сум сега претседател моментално, тоа е негов проблем.“
Кој ќе биде следен на мета на комисијата не се знае. Аџиев вели дека тие работат на постапката на собирање на имињата на сите функционери, а сè уште не се довршени и досијата на членовите на МАНУ и амбасадорите.
Вистинската цел на оваа хајка, на овој линч, не е лустрација, туку компромитација. Компромитација на Владимир Милчин, затоа што тој му е трн во окото на овој режим. Томе Аџиев е тумор во нашето секојдневие, тој е грдото лице на овој режим. Тој е толку ревносен слуга што на човека да му се згади, тоа не смее да остане неказнето.Владимир Милчин, режисер, извршен директор на Фондацијата Отворено општество - Македонија.