Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов бара од сите политички фактори да не ја злоупотребуваат Армијата на Република Македонија и употребата на армиската униформа за политички, партиски, или какви било други цели.
Во денешното соопштение од кабинетот на шефот на државата се вели дека во врска со последниот настан во Слупчане, не биле испочитувани институционалните правила и процедури, поради што претседателот Иванов побарал од надлежните расветлување на случајот и утврдување на постоење на злоупотреба на службената должност.
Министерот за одбрана Фатмир Бесими, кој пред два дена положи цвеќе пред споменикот на паднатите борци на ОНА, денеска изјави дека жали што не било целосно разбрано ова залагање за помирување кое како што изјави било во духот на Охридскиот договор.
Оградувањето на АРМ, Владата и ВМРО-ДПМНЕ од постапката на Бесими, за политичките аналитичари во земјава е во најмала рака лицемерно. Крајната цел на ваквото однесување на владиното раководство е да добие колку што може повеќе политички поени, вели професор Алајдин Демири.
„Ова уште еднаш го покажува оној дуалистички пристап, оној профитабилен дел на политиката, каде што војната не се дефинираше како што требаше, не се извлекоа поуки, сите излегоа победници и ВМРО и Македонците и Албанците, и во суштина ја покажува својата дволичност“, вели Демири.
И според професор Мирјана Најчевска, овие постапки се уште еден доказ дека во земјава надвладува политичкото над правното и на тој начин се урива правниот систем во државата.
„Политичката трговија, политичкиот „дил“ меѓу одделни партии коишто го прават само со цел да дојдат и да останат на власт, на секаков начин па и на овој го урива она што претставува правна логика на егзистирање на правната држава“, вели Најчевска.
Преку овие постапки граѓаните се мета на политичка манипулација која доаѓа до израз пред избори. Не може некогаш да сте со нив, а некогаш да се оградувате од постапките на вашиот коалициски партнер ако тоа не оди во прилог на партискиот рејтинг, вели Демири.
„Тие се тие реакции кои политичарите ги користат, тие се безобразни и на тој начин профитираат за потребите на партијата, за потребите пред изборите, на многу вулгарен начин“, вели Демири.
Меѓу другото, за Најчевска е спорен моментот на градење споменици после еден конфликт како што беше тој од 2001 година.
„Искуствата ширум светот покажуваат дека она што мора да се избегне после внатрешни конфликти коишто завршиле со тоа што паднала крв, е дека не смее да се дозволи да се градат споменици зашто на тој начин конфликтот продолжува да живее и да се пренесува од генерација на генерација, без можност вистински да се изградат нови основи за заедничко живеење“, заклучува Најчевска.
Од министерството за одбрана положувањето венец од страна на министерот на споменикот на припадниците на ОНА го образложија како придонес кон процесот на помирување кој е како што се наведува во соопштението, неопходен за земјава и нејзините граѓани. Од Владата информираа дека таа не донела одлука за официјално одбележување на настанот кој се случи во Слупчане, ниту, пак, испратила владина делегација на таков настан.
Во денешното соопштение од кабинетот на шефот на државата се вели дека во врска со последниот настан во Слупчане, не биле испочитувани институционалните правила и процедури, поради што претседателот Иванов побарал од надлежните расветлување на случајот и утврдување на постоење на злоупотреба на службената должност.
Министерот за одбрана Фатмир Бесими, кој пред два дена положи цвеќе пред споменикот на паднатите борци на ОНА, денеска изјави дека жали што не било целосно разбрано ова залагање за помирување кое како што изјави било во духот на Охридскиот договор.
Ова уште еднаш го покажува оној дуалистички пристап, оној профитабилен дел на политиката, каде што војната не се дефинираше како што требаше, не се извлекоа поуки, сите излегоа победници и ВМРО и Македонците и Албанците, и во суштина ја покажува својата дволичност.Алајдин Демири, универзитетски професор.
„Ова уште еднаш го покажува оној дуалистички пристап, оној профитабилен дел на политиката, каде што војната не се дефинираше како што требаше, не се извлекоа поуки, сите излегоа победници и ВМРО и Македонците и Албанците, и во суштина ја покажува својата дволичност“, вели Демири.
И според професор Мирјана Најчевска, овие постапки се уште еден доказ дека во земјава надвладува политичкото над правното и на тој начин се урива правниот систем во државата.
Политичката трговија, политичкиот „дил“ меѓу одделни партии коишто го прават само со цел да дојдат и да останат на власт, на секаков начин па и на овој го урива она што претставува правна логика на егзистирање на правната држава.Мирјана Најчевска, универзитетски професор.