Во Прилеп во тек е градежна офанзива. Започнуваат градежни активности за уредување на влезот во градот. Според планот и со средства обезбедени со кредит од Светска банка ќе биде комплетно уредена улицата Моша Пијаде, која што во моментов е многу руинирана, а е лице на градот.
Со средства од јавното претпријатие „Водовод и канализација“ во висина од 60.000 евра, најпрвин ќе се гради атмосферска канализација, а потоа дел по дел ќе се решаваат сите аспекти со современи, урбани решенија. Влезот на градот предвидено е да биде раскошен булевар со 4 сообраќајни ленти, со зелени површини, со ефикасно, модерно улично осветлување.
„Не само што ќе се подобри убавината и изгледот на градот, туку ќе се подобри и безбедноста пешаците и велосипедите кои ќе се движат по оваа булеварска улица“, вели градоначалникот Марјан Ристески и додава дека вкупниот проект ќе чини околу 2 милиона евра, а Прилеп ќе добие еден од најубавите, најсовремени влезови во државата.
Од друга страна, на неколку локации се градат станбени објекти, а интензивно се работи на уредување на инфраструктурата на стопанската зона „Прилеп 1“.
„Започнавме со изградба на патната мрежа за да можат инвеститорите на пролет да пристапат со изградба на своите објекти, бидејќи се разработува тендерската документација за водоводната и канализационата мрежа, исто во договор со ЕВН и за електричното напојување, и очекуваме до крајот на годинава да бидеме спремни инвеститорите наредната градежна сезона, да почнат да работат“, изјави Менде Зајкоски од Јавното претпријатие за просторно и урбанистичко планирање.
Проектот за комплетна инфраструктура на оваа индустриска зона е вреден околу 1,5 милион евра. Дел од парите се обезбедени од продажбата на 23-те локаци, а другиот дел ќе бидат обезбедени од комуналиите кои треба да ги уплатат инвеститорите, а остатокот од средствата ќе бидат од буџетот на локалната самоуправа.
„Оваа индустриска зона ќе биде пример во изградбата на следната индустриска зона која се спрема со генералниот и детален план, индустриската зона „Прилеп 2“ која ќе биде готова за месец-два со плановите за продажба некаде кон крајот на октомври и ќе има 20-ина локации“, вели градоначалникот Ристески.
Во индустриската зона „Прилеп 1“се очекуваат околу 2.500 вработувања. Според урбанистичките планови изработена е уште една индустриска зона „Прилеп 3“ на заобиколницата кај „Жито Прилеп “ и цигарната фабрика, која за разлика од другите две, е на приватно земјиште со 60 хектари. Интересентите купиле локации, сега бараат одобрување, за да си платат комуналии и да градат нови погони. Во тек е тендерот од страна на Дирекцијата за управување со слободни економски зони, во близина на Прилеп кај месноста Алинци, да се гради нова индустриска зона,која како што велат од локалната самоуправа ќе биде пандан на зоната „Бунарџик“.
„Со сите овие индустриски зони, три на број, значи во рамки на генералниот и деталните планови, со локациите кои ги има или ги подготвува за продажба на фабрики и со слободната економска зона, Прилеп станува една од најатрактивните општини на ниво на Македонија и пошироко на Балканот, во однос на инвестирање и на домашни и на странски компании“, изјави градоначалникот Ристески.
Не само што ќе се подобри убавината и изгледот на градот, туку ќе се подобри и безбедноста пешаците и велосипедите кои ќе се движат по оваа булеварска улица.Марјан Ристески, градоначалник на Прилеп.