„Бањата не работи“ стои натписот над шалтерот на Кумановска Бања, каде што голем број заинтересирани граѓани, не само од Куманово, туку и од другите градови во земјава пристигнуваат и бараат одговор. Стојат пред заклучената врата, прашуваат случајни минувачи кои само претпоставуваат, а потоа за утеха, во вирот пред едната од двете чешми за полнење вода се мијат, ги ставаат нозете и заминуваат.
Кумановска Бања, лоцирана во месноста Вруќа Вода, во селото Проевце на само три километри од градот, беше дел од претпријатието „Бисерка“ од Куманово. „Бисерка“ низа години е во стечај, па и сопственикот на овој лековит термален извор е непознат. Кумановци се разочарани затоа што бањата е препуштена на пропаѓање.
„Досега не е отворена. Не знам. Дали е со тие акции што не се платени или од УЈП. Кога бањата не работи гости нема. Минатата година работеше, а сега што е работата не знам.“
РСЕ: Зошто не работи?
„Бисерка“ е во стечај. Треба да работи, срамота е што не работи. Во Србија колку бањи има, сите работат, ние една бања не можеме да одржиме. Штета е што не работи. Подобро некој да ја земе за да работи. Странец, наш, кој било, само да работи.“
„Сега е приватна и не работи, кога беше државна работеше.“
„Не работи за да некој ја упропасти, а потоа за малку пари ја продадат. Жално.“
„Бањата не работи зашто има многу газди. „Бисерка“ е под стечај, има многу газди, не се знае кој е сопственикот и не можат да се договорат кој да го собира кајмакот.“
„Минатата година работеа на диво. Кога нема инспекција работат. Луѓето доаѓаат од Штип, од Кочани, од Србија и велат дека оваа вода никаде ја нема. Поевтино е, некогаш ние одевме таму, сега тие доаѓаат тука.“
Кумановска Бања во која секоја летна сезона се лекуваа и се релаксираа дури и гастербајтери, пред четири децении интернистот, д-р Бранко Јовановски запишал дека по хемиски состав е идентична со Врњачка и Буковичка Бања во Србија, со Бањата Виши во Франција, со изворите Вилдунген и Маријанске Лазне во Република Чешка. Според некои анализи, оваа бања е дури и подобра од нив, односно ги нема недостатоците кои тие ги имаат. Лековита е за нервен систем и системот за варење. Полезна е за гастрит, чир на дванаестпалачно црево, за прележан хепатит, хронично воспаление на дебелото црево и полесни форми на шеќерната болест, за мочните патишта и мочниот меур, за бубрезите, за неврози, несоници, психички и нервни исцрпености, гинеколошки проблеми, за егземите и разните дерматити. Но, поради својството за обновување на ткивото, таа се смета и дека подмладува, запишал д-р Јовановски. Препорачлива е и за стоматолошките проблеми, особено поради присуството на флуорот.
Како и да е, во транзицијата сè се гледа низ призма на бизнис. И тоа краткорочен, со заработувачка на брзина. Дали и Кумановска Бања ќе ја снајде истата судбина како и многу запустени претпријатија и државни објекти или на некој во државава сепак ќе му падне на ум дека лекот е покрај нас, малку чини, но ние не сакаме да го видиме.
Досега не е отворена. Не знам. Дали е со тие акции што не се платени или од УЈП. Кога бањата не работи гости нема. Минатата година работеше, а сега што е работата не знам.Анкетиран граѓанин.
Кумановска Бања, лоцирана во месноста Вруќа Вода, во селото Проевце на само три километри од градот, беше дел од претпријатието „Бисерка“ од Куманово. „Бисерка“ низа години е во стечај, па и сопственикот на овој лековит термален извор е непознат. Кумановци се разочарани затоа што бањата е препуштена на пропаѓање.
„Досега не е отворена. Не знам. Дали е со тие акции што не се платени или од УЈП. Кога бањата не работи гости нема. Минатата година работеше, а сега што е работата не знам.“
Минатата година работеа на диво. Кога нема инспекција работат. Луѓето доаѓаат од Штип, од Кочани, од Србија и велат дека оваа вода никаде ја нема. Поевтино е, некогаш ние одевме таму, сега тие доаѓаат тука.Анкетиран граѓанин.