Во комплексот Спортска сала во Куманово за година ипол ќе биде изграден затворен зимски и летен олимписки базен. Со тоа по повеќе од деценија ипол граѓаните, а особено децата и младинците ќе имаат можност да се рекреираат и да спортуваат.
Во изминатиот период основците и средношколците два пати седмично организирано со нивните инструктори по пливање одеа во Скопје. А во летните месеци кумановци кои го сакаат пливањето ги посетуваа неколкуте мали приватни базени, како и отворениот на ФЗЦ 11 Октомври во близина на Кумановска Бања.
Изградбата на отворениот и затворениот базен е проект на локалната самоуправа, која во изминатиот период ги извршила сите подготовки, а стартот на изградбата е откако државното земјиште е префрлено во надлежност на локалната заедница.
„Проектот е тежок два милиони и 200 илјади евра, односно околу 140 милиони денари. Рокот за градба е 18 месеци и се надеваме дека до 2013 година, кумановци особено пливачкиот клуб кој оди на тренинзи во Скопје ќе има добри услови за новите шампиони кои ќе ја слават Република Македонија“, вели градоначалникот Зоран Дамјановски.
Тој додава дека по еднодеценискиот период на релативна спортска апстиненција, Куманово повторно ќе заживее во спортски дух.
Граѓаните на Куманово сметаат дека овој потег е за поздравување и велат:
„Добро е, нека има. Ќе одиме, зошто да не! Се што се работи се е добро.“
„Секако.“
РСЕ: До сега одевте некаде?
„Немавме услови, сега ќе биде добро.“
„Добро! Супер!“
РСЕ: Дали е добро што во Куманово ќе се гради базен?
„Да, многу е добро, за сите.“
„Зошто да не! Такво нешто нема во Куманово, мора да се оди во Скопје. И децата и младинците и возрасните, кога сакаат да пливаат и да спортуваат одат во Скопје.“
РСЕ: Се сеќавате ли кога во Куманово имаше базен?
„Да. А зошто беше затворен тој базен не ми е јасно!“
Пливањето, пак, според експертите е многу корисна спортска дисциплина за секој човек, најповеќе за децата и за младите кои поголемиот дел од времето го минуваат пред компјутерите. Особено се препорачува на основците кои ’рбетот го оптоваруваат и деформираат носејќи ги тешките училишни ранци.
Рокот за градба е 18 месеци и се надеваме дека до 2013 година, кумановци особено пливачкиот клуб кој оди на тренинзи во Скопје ќе има добри услови за новите шампиони кои ќе ја слават Република Македонија.Зоран Дамјановски, градоначалник на Куманово.
Во изминатиот период основците и средношколците два пати седмично организирано со нивните инструктори по пливање одеа во Скопје. А во летните месеци кумановци кои го сакаат пливањето ги посетуваа неколкуте мали приватни базени, како и отворениот на ФЗЦ 11 Октомври во близина на Кумановска Бања.
Изградбата на отворениот и затворениот базен е проект на локалната самоуправа, која во изминатиот период ги извршила сите подготовки, а стартот на изградбата е откако државното земјиште е префрлено во надлежност на локалната заедница.
„Проектот е тежок два милиони и 200 илјади евра, односно околу 140 милиони денари. Рокот за градба е 18 месеци и се надеваме дека до 2013 година, кумановци особено пливачкиот клуб кој оди на тренинзи во Скопје ќе има добри услови за новите шампиони кои ќе ја слават Република Македонија“, вели градоначалникот Зоран Дамјановски.
Тој додава дека по еднодеценискиот период на релативна спортска апстиненција, Куманово повторно ќе заживее во спортски дух.
Зошто да не! Такво нешто нема во Куманово, мора да се оди во Скопје. И децата и младинците и возрасните, кога сакаат да пливаат и да спортуваат одат во Скопје.Анкетиран граѓанин.