Светската економска криза најмногу ја погоди металургијата, која како извозна гранка бележи намален број на нарачки и производство, велат од бизнис заедницата. Особено тешки за компаниите ќе бидат наредните два месеци, поради одморите, кога традиционално има помал обем на работа.
Директорот на Макстил Александар Панов вели дека производството од минатата година е намалено за 30 насто, а истиот тренд продолжува и оваа година. Според него, нема знаци на подобрување и состојбата во металургијата е навистина тешка.
„Затоа што очигледно оваа криза е увезена од надвор. Деведесет и пет насто од нашите производи одат надвор и ние сме зависни од тие европски пазари. Состојбата таму има директна рефлексија и кај нас. Сето тоа не може да се избегне до тоа мера со некакви корективни мерки да го амортизираме до крај. Но, секако тоа што може во наши граници да направиме тој удар да биде поблаг.“
Панов додава дека ќе направат сè што можат со спроведување на внатрешни мерки да не дојде до отпуштање на вработени.
„Што се однесува до вработените, сè ќе направиме со разноразни мерки да се обидеме да ги задржиме барем оние што се во редовен работен однос, да почекаме и да видиме до некој одреден временски период да не правиме проблеми за тие луѓе да продолжат со работа.“
Мирче Чекреџи од Сојузот на стопански комори вели дека компаниите треба да се насочат кон нови пазари.
„Металуршките компании треба да ги развијат своите врски со новите пазари. Пред се тука мислам на Кина, Индија, Бразил, односно земјите кои имаат економии во подем. Со тоа би можеле да ја ублажат состојбата.“
А, владата, според него, може да помогне доколку обезбеди поволни кредитни линии.
„Во секоја криза на стопанството прво му требаат свежи пари, особено на македонското. Тука неколку мерки може владата да преземе, односно да се потруди навреме да враќа ДДВ, долговите на компаниите навреме да ги враќа, дури и пред време ако има сили и средства и да обезбеди кредитни линии со бенифицирана каматна стапка.“
Компаниите веќе доставиле предлози до владата за ублажување на кризата за кои ќе треба да добијат за неколку дена. Министерот за финансии Зоран Страврески најави дека владата има подготвено пакет мерки, односно ќе издвои 100 милиони евра за металуршкиот сектор.
Затоа што очигледно оваа криза е увезена од надвор. Деведесет и пет насто од нашите производи одат надвор и ние сме зависни од тие европски пазари. Состојбата таму има директна рефлексија и кај нас. Сето тоа не може да се избегне до тоа мера со некакви корективни мерки да го амортизираме до крај. Но, секако тоа што може во наши граници да направиме тој удар да биде поблаг..Александар Панов, Макстил.
Директорот на Макстил Александар Панов вели дека производството од минатата година е намалено за 30 насто, а истиот тренд продолжува и оваа година. Според него, нема знаци на подобрување и состојбата во металургијата е навистина тешка.
„Затоа што очигледно оваа криза е увезена од надвор. Деведесет и пет насто од нашите производи одат надвор и ние сме зависни од тие европски пазари. Состојбата таму има директна рефлексија и кај нас. Сето тоа не може да се избегне до тоа мера со некакви корективни мерки да го амортизираме до крај. Но, секако тоа што може во наши граници да направиме тој удар да биде поблаг.“
Панов додава дека ќе направат сè што можат со спроведување на внатрешни мерки да не дојде до отпуштање на вработени.
„Што се однесува до вработените, сè ќе направиме со разноразни мерки да се обидеме да ги задржиме барем оние што се во редовен работен однос, да почекаме и да видиме до некој одреден временски период да не правиме проблеми за тие луѓе да продолжат со работа.“
Што се однесува до вработените, сè ќе направиме со разноразни мерки да се обидеме да ги задржиме барем оние што се во редовен работен однос , да почекаме и да видиме до некој одреден временски период да не правиме проблеми за тие луѓе да продолжат со работа.Александар Панов, Макстил.