Достапни линкови

Македонските плати на балканското дно


Претседателот Ѓорге Иванов во посета на текстилна фабрика во Штип на 29 февруари 2012.
Претседателот Ѓорге Иванов во посета на текстилна фабрика во Штип на 29 февруари 2012.

Работниците во Македонија имаат најмала плата во регионот. Синдикатите велат дека, поради големата невработеност, работниците се принудени да работат за малку пари.

Во врска со истражувањата кои покажуват дека Македонија има најмала плата во споредба со земјите од регионот, во синдикатите реагираат дека кај нас работниците се принудени да работат за малку пари поради условувања од работодавачите.
После ликвидации на фирмите, приватизација, па рестартирање, со ново вработување сите работодавачи посегнуваат колку што е можно работниците да прифатат да работат за пониски плати и секогаш се потенцира тоа дека еве има понуда за уште помалку, значи има невработени што би прифатиле да работат за уште помала плата.
Маре Анчевска, Синдикат за рударство, енергетика и индустрија.

Според Маре Анчевска, секретар во Синдикатот за рударство, енергетика и индустрија, иако нивната организација тврди дека никој не може да не ги почитува правата на работниците, поголемиот дел од компаниите го прават токму тоа. Таа истакна дека последната работа што ја бара синдикатот е работниците да го плаќаат данокот на големата стапка на невработеност во земјава.

„После ликвидации на фирмите, приватизација, па рестартирање, со ново вработување сите работодавачи посегнуваат колку што е можно работниците да прифатат да работат за пониски плати и секогаш се потенцира тоа дека еве има понуда за уште помалку, значи има невработени што би прифатиле да работат за уште помала плата.“

Ваквата пракса е осудена и во Конфедерацијата на работодавачи кои бараат сузбивање на сивата економија што влијае на помалку издвојуавање средства од работодавачите за работниците.
Најниска плата во Македонија е поради економската состојба и поради несолвентноста на компниите самите да се справат со економската криза, меѓутоа и со солвентноста, со самото економско работење. Во Македонија има многу голема нелојална конкуренција.
Миле Бошков, Конфедерацијата на работодавачи.

„Меѓутоа најниска плата во Македонија е поради економската состојба и поради несолвентноста на компниите самите да се справат со економската криза, меѓутоа и со солвентноста, со самото економско работење. Во Македонија има многу голема нелојална конкуренција, дел од вработените кои се и редовно вработени, меѓутоа исто така и учеството во сивата економија влијае на слабата конкурентност, профит и продуктивност на компаниите“, изјави Миле Бошков.

Работодавачите ги загрижува, како што велат, слабата објава на војна против сивата економија и бараат нејзино сузбивање со зголемување на казните и инспекциски надзор, вклучувајќи ја и полицијата.

Драге Јовановски, екпсерт по трудово право, вели дека работниците ги отплаќаат грешките на економските политики.

„Нема политики каде што ќе се отворат нови фирми, нови работни места, нови дејности, значи тоа е првиот битен фактор. Политиките во Македонија се сведуваат на вербализам и од тие причини нема нови работни места, нема напредок и нема развој.“

Меѓу факторите на кои укажува Јовановски е и утврдената најниска плата во износ од осум илјади денари. Тоа, според него, е помалку од износот за храна и превоз што се исплаќал во некои поранешни времиња.

„Толку е сведена на минимум да поради тие причини работодавачите нормално е да влечат за нив и тоа да не го исплатуваат.“
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG