Достапни линкови

Во Македонија не се штрајкува оти на работниците им е добро?!


Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија Живко Митревски и министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски.
Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија Живко Митревски и министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски.

Состојбата во Македонија е подобра отколку во западноевропските земји и затоа во земјава нема масовни штајкови за 1 Мај, вели министерот за труд и социјала Спиро Ристовски, но работниците не го делат неговото мислење.

Состојбата во Македонија е подобра отколку во западноевропските земји и затоа во земјава нема масовни штајкови за 1 Мај. Вакво тврдење изнесе министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски на конференцијата по повод Меѓународниот ден на трудот - Први мај, во организација на ССМ.
Тоа што во Република Македонија на 1 Мај нема традиционални штрајкови без причина е најдобар приказ дека во Република Македонија се остварува реален социјален дијалог, така што мене ми претставува особена чест како министер да кажам дека во Република Македонија постои реален социјален дијалог којшто дава резултати.
Спиро Ристовски, министер за труд и социјална политика.

„Тоа што во Република Македонија на 1 Мај нема традиционални штрајкови без причина е најдобар приказ дека во Република Македонија се остварува реален социјален дијалог, така што мене ми претставува особена чест како министер да кажам дека во Република Македонија постои реален социјален дијалог којшто дава резултати.“
Архивска фотографија.
Архивска фотографија.

На новинарско прашање, дали во Франција каде што секоја година има масовни првомајски протести нема социјален дијалог, Ристовски вели дека во Франција се отпушаат работници за разлика од Македонија.
Работното време им е загарантирано, се надевам дека работат по 8 часа дневно, додека кај нас, барем во приватниот сектор, се работи саботи, недели, се останува прекувремено.
Анкетирана граѓанка.

„Во многу земји во ЕУ се започнати сериозно рестриктивни мерки со отпуштање работници од администрација од јавен сектор и од приватен сектор, додека во Република Македонија не е отпуштен ниту еден работник од јавниот сектор, ниту една плата не е намалена, замрзнати се платите, напротив на крајот на оваа година е најавено покачување на платите. Така што мислам дека бројките и аргументите покажуваат дека во Република Македонија во овој момент е многу подобра ситуацијата“, вели Ристовски.

Сепак, неговото мислење не го делат луѓето што ги анкетиравме во центарот на Скопје. Дел од нив мислеа дека се шегуваме кога ги прашавме каде е подобро да се биде работник – во Македонија или во некоја од земјите од ЕУ.

„Не знам, не сум вработен, ама претпоставувам дека во ЕУ е подобро.“

„Работното време им е загарантирано, се надевам дека работат по 8 часа дневно, додека кај нас, барем во приватниот сектор, се работи саботи, недели, се останува прекувремено.“

„Работник нигде не е убаво.“

„Тука е малку платен работникот, значи измачен е работникот, нема толку пари тука.“

„Работникот тука не е чесно платен, уценуван е“, велат анкетираните граѓани.

Претседателот на ССМ Живко Митревски вели дека синдикатот решил да го одбележи празникот во работна атмосфера со конкретни работни средби и работилници за обука за евентуалното донесување на Законот за мобинг. Тој вели дека синдикатот презема конкретни активности за подобрување на правата на работниците и оти нема потреба од првомајски протест.

„Не сме обременети со она што значи дали треба да посегнеме повторно по одреден колоритет кој беше специфичен за одредени други времиња кој за жал, барем според анализите на синдикатите, не даваше некој резултат“, вели Митровски.

Тој наведува дека работното одбележување на 1 Мај им донело 26 илјади нови членови и се избориле за утврдување на минималната плата.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG