Достапни линкови

За сè е виновна опозицијата?


Кампања на ВМРО-ДПМНЕ против опозицискиот СДСМ.
Кампања на ВМРО-ДПМНЕ против опозицискиот СДСМ.

Продолжуваат кампањите на владејачката партија со кои за проблемите во земјава се обвинува опозицијата, иако ВМРО-ДПМНЕ е на власт веќе шест години.

Продолжува практиката на власта да ја обвинува опозицијата и нејзиниот лидер Бранко Црвенковски за состојбите во државата. Деновиве актуелен е телевизискиот спот во кој се тврди дека Црвенковски е виновен за нерешениот проблем за името со Грција. Преку слични такви спотови не потсетуваат и дека тој е виновен за големиот број стечајни работници во државата, за нивните егзистенцијални и приватни проблеми.

Тие критикуваат се и сешто и што е за критика и што не е за критика. Не може вие да тврдите дека се што прави власта не чини, дека ни едно законско решение не чини, дека граѓаните не знам колку лошо живеат преку покажување на одредени случаи коишто ги има секаде во светот.
Благородна Дулиќ, ВМРО-ДПМНЕ.
Паралелно со тоа не стивнуваат и прес-конференциите и изјавите од владејачката партија дека опозицијата и нејзиниот лидер се главните виновници за проблемите со големата сиромаштија, невработеност, меѓународната изолација, влошените меѓуетнички односи...
Негативна кампања на ВМРО-ДПМНЕ против лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски во април 2011 година.
Негативна кампања на ВМРО-ДПМНЕ против лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски во април 2011 година.

Опозицијата, пак, тврди дека власта е одговорна да ги поправи работите, но дека во изминатите шест години владеење не направила ништо за да ги подобри состојбите во државата. За владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, неприфатливо е ваквото однесување на опозицијата.

„Тие критикуваат се и сешто и што е за критика и што не е за критика. Не може вие да тврдите дека се што прави власта не чини, дека ни едно законско решение не чини, дека граѓаните не знам колку лошо живеат преку покажување на одредени случаи коишто ги има секаде во светот“, изјави Благородна Дулиќ од ВМРО-ДПМНЕ.

Лошиот момент е што на сметка на некои конкретни проблеми се обидуваат да се замачкаат очи со, да кажам, површни работи кои може и можеле да се направат во секој момент, ама на луѓето кога не им е животот во ред нема спомениците да им го оправат.
Анкетиран граѓанин.
На прашањето дали власта чувствува одговорност за одредени актуелни проблеми и неуспехот во нивното справување, Дулиќ вели:

„Не велиме дека се е идеално и тоа секогаш го кажуваме, но да се трудиме сите заедно да ги подобриме работите.“

Граѓаните, пак, кои ги прашавме велат дека не се задоволни од тоа како власта се справува со тековните проблеми. Не ми требаат споменици, кога половина народ нема што да јаде, вели еден млад скопјанец.

„Лошиот момент е што на сметка на некои конкретни проблеми се обидуваат да се замачкаат очи со, да кажам, површни работи кои може и можеле да се направат во секој момент, ама на луѓето кога не им е животот во ред нема спомениците да им го оправат.“

Ваквиот однос на власта кон најгорливите проблеми, како што се големата невработеност и сиромаштија ги револтира граѓаните. Токму затоа дел од анкетираните, велат дека не сакаат да зборуваат за политика и оти се премногу разочарани од однесувањето на актуелната власт.

„Во овој момент и вака ако продолжат нема перспектива. Ни од оваа власт не видовме ништо добро, ни од претходната.“

„Нормално ќе бидеш разочаран кога секој ден го гледаш истото, нема подобрување.“

Сепак, има и такви кои сметаат дека до вистинските решенија се доаѓа постепено и дека не треба да се очекуваат позитивни ефекти преку ноќ. Иако веќе неколку години ќерката на една од анкетираните не е вработена и живее од пензијата на мајка си, таа верува во оправданоста и резултатите од владините проекти и мерки.

„Задоволна сум, само малку ми пренатрупан Жена-паркот со бистите, инаку другото е во ред.“

Обидот на власта да ја префрли вината на опозицијата, дел од експертите ја протолкуваа како неможност на истата да се соочи со своите грешки, но и како страв од падот на рејтингот на владејачките партии.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG