Кога Македонија добива позитивни критики и пофални зборови за тоа какви економски политики спроведува, владините претставници отворено и гласно заборуваат за тоа. Сосема различна е приказната кога познати меѓународни организации упатуваат негативни критики кон тоа како властите се справуваат со одреден економски проблем.
Така на пример, министерот за финансии Зоран Ставрески ќе ви каже дека не ги слушнал забелешките на Светската Банка кои се однесуваат на проблемот со раздолжувањето на Владата кон фирмите, но го слушнал делот во кој се посочува дека Македонија треба да продолжи со добрите и мудри политики во делот на фискалната политика, нискиот буџетски дефицит и ниското ниво на задолженост.
За експертите, не е невообичаено власта да има селективна перцепција кон тоа што се пишува и како се известува во општеството, но ако проблемите со кои се соочуваат институциите се сериозни, ваквиот однос на надлежните може да има штетни последици. Нашите институции се однесуваат како компании, вели комуникологот Сеад Џигал. Вие може да го скриете слабото деловно работење, но не можете да ги буткате само позитивните работи пред очите на јавноста преку користење на дисциплинирана ПР кампања, вели тој.
„Доминира еден ПР комерцијален пристап, поспецифичен за економски субјекти отколу за јавни институции во коишто поважно е вие да стимулирате одреден ПР ефект, отколку навистина да ги претставите работите во некоја искрена или директна форма за којашто општеството всушност има право да знае“, вели Џигал.
Ако власта ги прифати критиките кои и се припишуваат, тоа значи дека признава дека згрешила, вели политикологот Соња Стојадиновиќ. Ваквиот игнорантски однос на власта води не само кон самоизолација, туку кон политичко самоубиство, вели таа.
„Тоа секако ќе им се удри од глава затоа што тој што игнорира критики од страна, значи позитивни критики од страна, да се каже овде грешите и треба да го поправите тоа или не грешите, се игнорира самиот себе си“, Стојадиновиќ.
Употребата на ваквиот комерцијален пристап на Владата може да биде меч со две острици, оти реалноста не може да се игнорира. Одредени појави може да се прикриваат само краток период, но кога проблемите ќе станат сериозни истите нема да може да се сокријат, посочуваат нашите соговорници.
„Значи ефектите од некои длабоки процеси, од економски до меѓуетнички итн., секогаш ќе излезат на површина. Нив не може да ги туркате под површина, тие секогаш ќе испливаат“, вели Џигал.
„Игнорирањето на критиките од сите нивоа, без разлика дали се тие од внатрешни фактори или од надворешни фактори, покажува еден низок степен на интелегенција на владетелите“, вели Стојадиновиќ.
Доминира еден ПР комерцијален пристап, поспецифичен за економски субјекти отколу за јавни институции во коишто поважно е вие да стимулирате одреден ПР ефект, отколку навистина да ги претставите работите во некоја искрена или директна форма за којашто општеството всушност има право да знае.Сеад Џигал, комуниколог.
Така на пример, министерот за финансии Зоран Ставрески ќе ви каже дека не ги слушнал забелешките на Светската Банка кои се однесуваат на проблемот со раздолжувањето на Владата кон фирмите, но го слушнал делот во кој се посочува дека Македонија треба да продолжи со добрите и мудри политики во делот на фискалната политика, нискиот буџетски дефицит и ниското ниво на задолженост.
За експертите, не е невообичаено власта да има селективна перцепција кон тоа што се пишува и како се известува во општеството, но ако проблемите со кои се соочуваат институциите се сериозни, ваквиот однос на надлежните може да има штетни последици. Нашите институции се однесуваат како компании, вели комуникологот Сеад Џигал. Вие може да го скриете слабото деловно работење, но не можете да ги буткате само позитивните работи пред очите на јавноста преку користење на дисциплинирана ПР кампања, вели тој.
Игнорирањето на критиките од сите нивоа, без разлика дали се тие од внатрешни фактори или од надворешни фактори, покажува еден низок степен на интелегенција на владетелите.Соња Стојадиновиќ, политиколог.