Македонската репрезентација не успеа да се избори за пласман на европското првенство во Полска и Украина, но фудбалската треска е присутна и кај нас. Најважното случување на спортски план оваа година започнува со свечена церемонија и со натпреварот меѓу Полска и Грција.
Кафулињата се очекува да бидат преполни, а и обложувалниците ќе бидат попосетени. Граѓаните велат дека ќе навиваат за репрезентациите на Германија, Англија, Холандија, како и фаворитот за освојување на златниот медал Шпанија. Повеќето од нив сметаат дека политиката која е неизоставен дел од секојдневието ќе биде заборавена на сметка на фудбалот, но има и такви кои велат дека премногу сме преоптеретени за таа да биде поставена во втор план.
„Верувам да, особено ако има добар фудбал, добро расположение.“
„Повеќе сум по спортот, сега еве следам Роланд Гарос, па европското во фудбал, па ќе дојде Вимблдон, не се преоптоварувам со политика, не смеам, шеќерот ми се качува.“
„Политиката не се заборава, ќе се следи фудбал, фудбалска треска има, но политиката не може да се заборави, таква ни е ситуацијата во државата.“
Социологот Илија Ацески вели дека натпреварувањата од овој вид им помагаат на граѓаните да се ослободат од грижите, особено во нашето општество каде се соочени со многу проблеми, па така следењето на некој фудбалски натпревар ќе им биде поинтересно од политиката.
„Тоа е бегство од реалност, во голем размер луѓето забораваат на оние секојдневни проблеми, посебно од материјална природа, луѓето забораваат на проблеми од семејна природа, барем во тој момент, тие се во една сфера на илузија дека се учесници во еден голем настан кој на некој начин ја има таа терапевстка функција за поединецот и личноста воопшто.“
Но еуфоријата на граѓаните, политичарите знаат да ја свртат во своја корист, додава Ацески.
„Оние кои се обично на власт во тој период протуркуваат некои проекти. Во тој период не се говори за нешто значајно, во тој период оние кои имаат моќ и власт се обидуваат нешто да направат во тој контекст за помалку тоа да се знае, тоа стои апсолутно, таа е другата димензија и страна на фудбалот како човекова споредна условно речена активност.“
Силите денеска ќе ги одмерат и репрезентациите на Русија и Чешка, а во текот на целото првенство ќе бидат одиграни 31 натпревар.
Повеќе сум по спортот, сега еве следам Роланд Гарос, па европското во фудбал, па ќе дојде Вимболдон, не се преоптоварувам со политика, не смеам, шеќерот ми се качува.Анкетиран граѓани.
Кафулињата се очекува да бидат преполни, а и обложувалниците ќе бидат попосетени. Граѓаните велат дека ќе навиваат за репрезентациите на Германија, Англија, Холандија, како и фаворитот за освојување на златниот медал Шпанија. Повеќето од нив сметаат дека политиката која е неизоставен дел од секојдневието ќе биде заборавена на сметка на фудбалот, но има и такви кои велат дека премногу сме преоптеретени за таа да биде поставена во втор план.
„Верувам да, особено ако има добар фудбал, добро расположение.“
Тоа е бегство од реалност, во голем размер луѓето забораваат на оние секојдневни проблеми, посебно од материјална природа, луѓето забораваат на проблеми од семејна природа, барем во тој момент, они се во една сфера на илузија дека се учесници во еден голем настан кој на некој начин ја има таа терапевстка функција за поединецот и личноста воопшто.Илија Ацески, социолог.