Полскиот премиер Доналд Туск го претстави првиот црн парламентарец во земјата, Џон Годсон по потекло од Нигерија. Целта на овој политички потег е да се отстранат критиките за расна нетолеранција за време на шампионатот во фудбал. Имено, и Полска и Украина се наојдоа под ударот на критики од запад, по извештаите за расни насилства на стадионите.
Но, францускиот боксер Доудоу Нгомбо, родум од Конго, им се придружи на илјадниците фудбалски фанови на улиците во Варшава каде што изјави дека е топло пречекан.
„Јас чувствувам дека луѓето тука немаат никакви предрасуди и никој не ја гледата расата. Јас сум Африканец и никој за тоа не ми здодева и се чувствувам прифатен.“
Полскиот министер за спорт Јоана Муха изјави дека првенството за фудбал во 2012 е најтешкиот настан кој Полска досега го оргaнизирала. Таа потенцира дека инфраструктурата и безбедносните служби, меѓу кои 12 илјади полицајци, се распоредени и се подготвени за секакво сценарио.
Во Полска се очекуваат илјадници навивачи од странство, а очекувањата во Украина се малку пониски, поради прекумерните хотелски цени и контроверзите околу затворот на поранешната премиерка Јулија Тимошенко.
Многу официјални претставници на европските земји повикаа на бојкот на мечевите во Украина во знак на протест поради седумгодишната казна затвор за која на запад се верува дека е политички мотивирана.
Позитивно светло на настанот во Украина се обиде да даде Претседателот Виктор Јанукович. Тој во телевизиско обраќање до нацијата побара Украинците да ја покажат својата гостољубивост за време на историскиот настан – европското првенство во фудбал.
„Во деновите што следат вниманието на светската јавност ќе биде насочено врз нашата земја. Јас ве повикувам да ја покажете украинската гостољубивост, искреност и пријателство. Мораме да ги дочекаме гостите со достоинство. Односите меѓу Украина и светот зависат и од тоа како тие ќе не запаметат.“
Како и да е, фудбалот почнува Полска и Украина. Првиот меч е меѓу Полска и Грција во Варшава.

Јас чувствувам дека луѓето тука немаат никакви предрасуди и никој не ја гледата расата. Јас сум Африканец и никој за тоа не ми здодева и се чувствувам прифатен.Доудоу Нгомбо, француски боксер.