2. Две животни ќе ги прогнозираат резултатите на натпреварите од Европското Првенство. По октподот Пол, кој прогнозираше за време на Светското првенство во Германија, сега, во Украина за тоа ќе биде задолжена една свиња, а во Полска слон. Но, тоа како да стана мода, па се појавуваат и други сопственици на животно кои тврдат дека токму тие имаат натприродни способности.
3. Три пати освојувач на европското првенство е Германија, која има 6 учества во финале и се најуспешна репрезентација. Но, во последниве години речиси непобедива е Шпанија.
8. На осум стадиони ќе се играат натпреварите на ова европско првенство. Во Украина, во Доњецк, Харкив, Киев и Лвов, а во Полска, во Варшава, Вроцлав, Познањ и Гдањск. Финалето, на први јули, ќе се игра во Киев.
16. Шеснаесет репрезентации учествуваат на ЕП во Полска и Украина, од 53-те колку учествуваа во квалификациите.
31. Триесет и еден насто од укринците сметаат дека Европското првенство во фудбал нема да влијае за подобрувањето на имиџот на земјата, покажува едно истражување. Британските медиуми деновиве го отвораа темите како расизам, проституција, политички мотивирани апсења, корупција.
50. Педесет тоалети се обезбедени за околу 10.000 шведски фанови кои ќе постават камп на еден остров на реката Дњепар во Киев.
65. На 65-то место е Полска, според рангирањето на ФИФА, или најлошо рангирана репрезентација, која досега била домаќин на европско првенство. Украина е 50-та на ранг листа.
70. Седумдесет години од натпреварот на смртта во 1942-ра година, меѓу тим од нацистиките сили и тогашен Старт, денешен Динамо Киев. Во финалето на еден турнир, нацистички офицер им препорачал на украинците да загубат, но тие сепак победиле со 5 спрема 3. Потоа, некои од украинските играчи биле уапсени и егзекутирани од Гестапо.
241. Толку денови ќе биде екс премиерката на Украина Јулија Тимошенко во затвор, кога ќе почне ЕП. Таа е осудена на 7 години затвор, според многумина во политички мотивиран процес, па поради тоа и некои западни политичари ќе ги бојкотираат натпреварите во Украина.
300. Толку активистки на ФЕМЕН имаат намера на свој специфичен начин на протести во Украина и во Полска да го свртат вниманието кон проблемите со проституцијата и трговијата со луѓе.
1400. Електронски преведувачи ќе им бидат поделени на украински полицајци кои ќе треба да им помогнат во комуникацијата со илјадниците туристи и фанови од други земји.
52.000. Толку лица се занимавале со проституција во Украина во минатата година, според меѓународната агенција за Сида.
68.000. Е капацитетот на стадионот во Киев, кој е изграден во 1923-та година, а беше реновиран лани. Таму ќе се игра финалето на први јули.
1.000.000 Милион туристи очекува Украина за време на ЕП и се надева дека ќе стане туристичка дестинација и во наредните години.
150.000.000 Сто педесет милиони гледачи ширум светот се очекува да го следат отворањето на Европската првенство на 8-ми јуни во Варшава. По 20-минутната церемонија на отворањето, е и првиот натпревар меѓу Полска и Грција.