Високи функционери од ВМРО-ДПМНЕ во Битола, отакако дојдоа на функции, ги вработија своите брачни другари, ќерки и синови во јавни и државни институции, обвинија битолските социјалдемокарти. Портпаролот на СДСМ, Оливер Николовски обвини:
„Градоначалникот Владимир Талески си ја вработи својата ќерка како технички секретар на факултет, а зет му е раководител во МЕПСО. Пратеничката Лилјана Кузмановска својот брат го вработи во Стрежево, а син и во Водовод. Раководителот во Службата за финансии во општината Слободан Бончановски, својата сопруга ја вработи во Националниот парк Пелистер.“
Со критики во образованието продолжи Методија Илиевски од СДСМ.
„Директорката на училиштето Стив Наумов, Бијана Рахманката, сопругот го постави за шеф на граничниот премин Меџитлија, а синот го вработи во медицинското училиште. Подрачната началничка за образование Снежана Петровска, ја вработи сестрата во училиштето Тодор Ангелевски, а ќерката во средното медицинско. ОУ Елпида Караманди е приказна за себе. Таму директор е Илче Белџигеровски, а таму се вработени неговата сопруга и синот, сега наместо училиште е дооел Белџигеровски.“
Советничката Јулијана Силјановска изјави:
„Новиот координатор на ДПМНЕ Зоран Илиоски, директор на Водовод во ова претпријатие си го вработи брат му.“
Од ВМРО-ДПМНЕ не негираа, велат добро е да има вработувања.
„Треба да сте братучед на Шеќеринска за да добиете златна кокошка во центрот на Битола. Најатрактивниот локал даден е на 10 години работење за нула денари месечно кирија. Воопшто не е чудно што СДСМ се противи на вработувања. Во нивно време од секое семејство со двајца вработени, еден остануваше на улица. Добро е да има нови вработувања. Впрочем и столбот на програмата на ВМРО-ДПМНЕ е развој на програмата и отворање на нови работни места“, изјави Сашо Илковски од општинскиот комитет на партијата во Битола.
Градоначалникот Владимир Талески си ја вработи својата ќерка како технички секретар на факултет, а зет му е раководител во МЕПСО. Пратеничката Лилјана Кузмановска својот брат го вработи во Стрежево, а син и во Водовод. Раководителот во Службата за финансии во општината Слободан Бончановски, својата сопруга ја вработи во Националниот парк Пелистер.Оливер Николовски, СДСМ.