Достапни линкови

Талески дава отчет со филм


Битолскиот градоначалник Владимир Талески
Битолскиот градоначалник Владимир Талески

Наместо отчет за саботеното во 2011, градоначалникот на Битола, Талески на советниците им пуштил филм за тоа што е сработено и потрошено. Гестот ја разути опозицијата. А власта вели дека не било филм, туку современа презентација на сработеното.

Битолскиот градоначалник Владимир Талески не се појави на седница на Советот да ја образложи завршната сметка на општинскиот буџет за 2011 година. Наместо тоа на советниците им пушти снимен филм за сработеното и потрошеното. Ова ја налути опозицијата која претходно се подготвуваше да го бомбардира со прашања за извршувањето на буџетот.
Овој спектакл во ниту еден момент нема да го покрие отсуството на Талески. Една транспарентна општина не се крие зад филм за да проговори за своите резултати. Главната работа која не ја кажа е дека буџетот на општината е намален од 22 милиони на помалку од 19 милиони евра.
Наташа Струмениковска, СДСМ.

Советниците од СДСМ се пожалија дека Талески ретко доаѓаа во Советот, па не можат лично да му постават прашања за финансиското и другото работење.

„Овој спектакл во ниту еден момент нема да го покрие отсуството на Талески. Една транспарентна општина не се крие зад филм за да проговори за своите резултати. Главната работа која не ја кажа е дека буџетот на општината е намален од 22 милиони на помалку од 19 милиони евра. Се помал е процентот на приходи кои се прибираат по основ на разни ставки кои го полнат буџетот“, обвини советничката од СДСМ, Наташа Струмениковска.

Според советниците на ВМРО-ДПМНЕ не се работело за филм туку за современа презентација на завршната сметка. Тие сметаат дека нема потреба многу да се зборува на оваа тема зашто има многу повисок процент на остварени приходи во буџет на Битола за разлика од општините кои ги водат градоначалници од СДСМ.

„Ова не можете да го нарекувате филм, ова е презентација на завршна сметка. Податоците укажуваат дека процентот на оствареност на приходите на општина Битола во изминатата година е над 77 проценти. Економски се што надминува над 70 поценти може да се смета за успех. Споредено со општина Струмица процентите на оствареност на приходите е 61, а со Карпош 39 проценти- изјави Маргарита Ивановска, советник од ВМРО-ДПМНЕ.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG