Достапни линкови

Затворските стандарди на минимум


Затворот Идризово, 25 номври 2011
Затворот Идризово, 25 номври 2011

Народниот правобранител Иџет Мемети вели дека забележале дека делумно и нецелосно се исполнети минималните домашни и меѓународни стандарди за задржување и престој.

Незадоволителни услови на сместување, неисполнување на стандардите за големина на просторија или пренатрупаност, недоволно загревање, како и непостоење соодветна вентилација и влажност. Ова е сликата во местата на лишување од слобода, која е констатирана во годинешниот извештај на Националниот превентивен механизам за 2011 година.

Факт е дека во Република Македонија, ако ги земеме полициските станици или ако ги земеме затворите или нешто друго, во одредени полициски станици условите се подобри, во одредени се во полоша кондиција и таму треба да се интервенира, истото се однесува и за затворските простории. Неколку пати јас во мојот извештај сум истакнал дека најголем проблем во Република Македонија е затворот Идризово.
Иџет Мемети, народен правобранител.

Народниот правобранител Иџет Мемети вели дека за време на превентивните посети забележале дека делумно и нецелосно се исполнети минималните домашни и меѓународни стандарди за задржување и престој.

„Факт е дека во Република Македонија, ако ги земеме полициските станици или ако ги земеме затворите или нешто друго, во одредени полициски станици условите се подобри, во одредени се во полоша кондиција и таму треба да се интервенира, истото се однесува и за затворските простории. Неколку пати јас во мојот извештај сум истакнал дека најголем проблем во Република Македонија е затворот Идризово.“
Народен правобранител Иџет Мемети.
Народен правобранител Иџет Мемети.

Во извештајот е забалежано и дека во дел од самиците во казнено-поправните установи има понижувачки услови и сместување, како и дека притворот на некои лица траел повеќе од 24 часа. До адресата на народниот правобранител секојдневно стигнуваат и поплаки за тортура во затворите.

„Ретко може да се случи година кога народниот правобранител не покренува барање за казнена одговорност, во однос на третирање на осудениците.“

Последниот случај за кој поднеле барање за кривична одговорност за малтретирање до јавното обвинителство е за притворените во Монструм. Мемети додава дека тие редовно ги испраќаат нивните препораки до надлежните институции со цел да ја подобрат состојбата.

„За еден дел од нашите препораки, ризиците што ние сме ги детектирале не информираат дека ги отстраниле, за еден дел веќе преземаат активности, за трета категорија на наши препораки не информираат дека потребно е поголем временски период и поголем износ на средства.“

Извештајот ќе биде доставен и до Поткомитетот за превенција од тортура на ОН.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG